Кривична за охриѓанка за давање на лажен исказ

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „давање лажен исказ“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(26) ОД Охрид.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „давање лажен исказ“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(26) ОД Охрид.

Пријавената, на петти јануари оваа година, во Отсекот за управни работи при СВР Охрид, во управна постапка дала лажен писмен  исказ дека пред околу една година, ја загубила својата возачка дозвола.

Тоа го направила иако знаела дека возачката дозвола како јавна исправа, претходно ја употребила во Република Италија за замена на македонската и добивање на италијанска возачка дозвола.

Врз основа на овој писмен исказ даден во управна постапка, СВР како државен орган, ја заснивал одлуката на М.К. да и се издаде нова возачка дозвола.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top