Климатските промени негативно влијаат врз земјоделието

Климатските промени предизвикуваат негативно влијание врз земјоделските култури и во охридскиот регион. Се очекува намалување на квалитетот на родот кај градинарските култури на отворено. За да се спаси овогодишниот род земјоделците и овоштарите треба да преземаат мерки за заштита, советуваат агрономите.

 |   | 

Натпросечните високи температури и сушниот период негативно влијаат врз родот на земјоделските култури во охридскиот регион. Агрономот Мирослав Трајчески вели посебно се на удар културите кои успеваат на умерена температура и се во периодот на зреење.

Може да се очекува одредени намалувања во приносите кај некои култури. Се очекува намалување во квалитетот  кај градинарските култури кои се одгледуваат на отворено. Настануваат штети од сончевиот припор на плодот – објаснува Трајчески.

За да се избегнат негативните последици од високите температури и суша земјоделците и овоштарите треба да преземаат мерки за заштита. Иако на располагање имаат мал број мерки за борба со неповолни услови од природата, агрономите препорачуваат правилно наводнување и третман со заштитните ѓубрива. Кај растенијата кои се одгледуваат во затворени пластеници се препорачува заштита од појава на габни инфекции, а кај овошките стручна заштита од овошните пајаци.

Би сакал да нагласам нешто важно што се однесува генерално за сите култури, а тоа е задолжително третирање со ѓубрива биостимулатори. Тоа се антистрес ѓубрива кои му помагаат на растението да го надмине стресот и полесно да се справи со последиците од топлината и сушата – додава агрономот.

Трајчески укажува и на појавата на изгоренци кај плодовите на доматите и пиперките кои се одгледуваат на отворено. На плодовите се јавува сончев припор или горење кој е резултат на високите темепартури и УВ зрачењето. Агрономот препорачува засенување со мрежа врз насадите, за која вели дека е поскапа мерка за заштита, но единствен спас на родот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top