• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Судската служба најави порадикални дејствија доколку не им се исполнат нивните барања

Судската служба најави порадикални дејствија доколку не им се исполнат нивните барања

Обвинителите, обвинителните службеници и судиите добиваат зголемување на платите, а повторно судската служба изостанува. Минатата година револтот на судската служба беше изразен преку штрајк, кој резултираше со казна намалување на платата за 40% за два месеци, на сите кои учествуваа во штрајкот.

 |  Николоска Биљана  | 

Платите на обвинителите, обвинителските службеници, судиите ќе се зголемат, но не и на судската служба. Заради нееднаквиот третман на извршната и судската власт кон судските службеници како и неопходноста од измена на Законот за судска служба, од Здружението на судска администрација на Р Македонија најавуваат радикални мерки доколку и тие не ги добијат своите побарувања за кои и минатата година беа организирани штрајкови. Претседателот здружението, Борче Мирчески истакна дека и овој пат ќе се обидат да преговараат со судскиот буџетски Совет, со претседателот на Врховен Суд и со министерот за правда.

„Иако сите закони кои што го регулираат зголемувањето на платите во судската власт, напоменувам јавните обвинители, јавно обвинителните службеници и судиите, беа изменети пред 31 декември 2015 година,единствено беше изоставена судската служба. Од тие причини Минатата година, ние почнавме преговори со сите релевантни фактори, да дојдеме до позиција да се измени Законот за судска служба и судските службеници да не бидат единствената карика, која не подлежи на овие измени на Законот за судска служба.

Мирчевски, прецизираше дека поради одморите, како и поради актуелната политичката ситуација во земјава штрајкот бил ставен во мирување. Додаде дека во меѓувреме се сопрела постапката за зголемување на платите на судиите и не само што не биле удоволени барањата на судската служба, туку, сите кои учествувале во штрајкот, биле казнети со 40% намалување на платата за два месеци. Мирчески рече дека очигледно се повторувало истото сценарио од минатата година и најави активно преземање на дејствија, за истите барања. Доколку не дојде до договор со релевантните фактори, од судската служба најавуваат порадикални мерки.

Јас можам да ви кажам дека имам огромни јавувања од страна на судовите што ќе се преземе. Со ова најавувам дека доколку институционално повторно и оваа година не успееме да ги постигниме нашите барања, а тоа е ќе нагласам Измена на Законот за судска служба во делот изедначување со сите останати категории во правосудството, ние сме спремни да преземеме и порадикални мерки тоа ќе биде координирано, меѓутоа кога зборувам за тоа мислам на протести и штрајкови и ако дојде до тоа ние сме спремни тоа да го дорадикализираме не како минатата година кога се грижевме да не трпат штета граѓаните“

Како што појасни Мирчески, во тек биле состаноци во сите подружници на судовите во Република Македонија, на кои се очекувало да биде донесена одлука и за рокот кој го даваат за институционално решавање на нивните барања. Првично ќе се обиделе да седнат на маса и да издејствуваат преговори, со цел да се дојде до некакво решение. Судската служба годинава ќе го бојктира Денот на правосудството, кој се одбележува на 31 март.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top