Post Views: 9
Во рамките на училишните спортски лиги сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на локалната самоуправа Охрид организираше турнир во шах за основни училишта во спортска сала од ОУ “Св.Климент Охридски “ –Охрид во кој зедоа учество повеќе ученици во машка и женска конкуренција.
Најдобри во машка конкуренција беа учениците : Иван Велкоски од ОУ„Св.Климент Охридски “ прво место ,второто место го делеа учениците Константин Лушески од ОУ „Братство Единство “ со Никола и Михаил Николовски од ОУ„Григор Прличев “,третото место го делеа учениците Михаил Рувинов...
Post Views: 0
Додека течат последните подготовки околу патрониот празник и прославувањето на 40 годишнината од постоењето на ОУ “Христо Узунов”-Охрид, пристигна уште една одлична вест.
Имено, Софија Тренеска, ученичка во IX одделение успеа да се пласира во финалето на Hippo интернационалниот натпревар по англиски јазик English Without Borders.
Hippo натпреварот како единствен од таков вид , се одржува по петти пат и е наменет за ученици од 9-19 годишна возраст во јавните и приватни училишта од целиот свет. Примарна цел е да се промовира англискиот јазик и да се негува меѓусебната ...
Post Views: 7
Новите мерки вклучуваат зголемување на ДДВ кое ќе им донесе вкупно 2,39 милијарди евра, а останатите приходи би пристигнале од зголемување на данокот од осигурувања, данокот на добивка, данок на луксузна стока, данок за бродови поголеми од 5 метри, данок од моторни возила со поголема јачина на моторот, како и додатни даноци на оние кои имаат примања поголеми од 30.000 евра, пренесуваат грчките медиуми. Воедно, во овој пакет мерки се зголемува и старосната граница за одење во пензија. Законските предлози за промени на низата на даноци и пензискиот систем би требало на...
Post Views: 5
Охриѓанецот Даниел Колевски, цели 15 години се занимава со резбарство. Започнал со вајарство, моделирајќи глина, но после советот на еден негов другар кој му посочил дека подобро би било да работи со резба бидејќи тука може неограничено да твори, тој не се поколебал многу и почнал, како што и самиот раскажува.
„Тоа беше еден знак за да почнам и јас. Првите резби кои што ми оставиле впечаток биле оние во куќата на Робевци, од кои посебно ја истакнувам една од најубавите според мене, врвното дело „4 годишни времиња“.
Првото дело на Колевски било ликот на Св Климент на...
Post Views: 0
Околу 20.000 матуранти денеска и во петок полагаат екстерен тест, а комбинацијата од два предмети што ги полагаат беше објавена на 19 јануари, во неделата.
Покрај учениците ќе бидат проверени и 3.000 професори. Претходно беа објавени околу 60.000 прашања во база на податоци, од кои денеска ќе се паднат прашања на тестирањето.
Министерството за образование објави дека до крајот на месецот ќе се објави ранг листа на професорите чии оценки за учениците најмногу отстапувале од оние на екстерното тестирање.
{loadposition content9}
Post Views: 12
Започнаа подготвителните работи околу изградбата на новиот зелен пазар. Од градежната фирма АД „Илинден“ која е приватен партнер на локалната за изградба на пазарот, велат дека тие ќе траат околу дваесеттина дена кога ќе вршат заштита на околните објекти од можни оштетувања поради градежните зафати кои ќе се прават. Потоа уште дваесеттина дена ќе се работи на подготвување на подлогата по што ќе се започне со градба на објектот. Ќе се работи и во летниот период. Имавме досега некои проблеми но за среќа ги надминавме . Како проблем уште остана една линија од канализацијата....
Post Views: 0
180 илјади евра грант европски пари доби општина Охрид за Проектот „Меѓугранична соработка и интегрирани здравствени и социјални услуги за стари лица и деца и нивна превенција“.ЈП „Охридски Комуналец“ доби 600 000 евра за проектот „ Одржливо управување и третман на био отпад со користење методи за производство на био гориво. Проектите се дел од Програмата за прекугранична соработка помеѓу република Македонија и Република Грција.
180 илјади евра грант од ИПА 2 програмата на ЕУ доби општина Охрид за спроведување активности во чиј фокус се страилте лица, децата и социјалнмо...
Post Views: 4
Еден од обвинетите Миладиноски Климе, денес не се појави во Основниот суд во Струга. Не дојде ниту неговиот адвокат Бесник Каба заради неодложна службена обврска. И после првото одлагање на главниот претрес за повторениот судски процес за случајот Пливалиште, поради измени во обвинителниот акт и денес во Основниот суд во Струга не се создаде атмосфера за одржување на судското рочиште. Прашање е до кога ќе трае овој претрес, вели Димитрија Цобоски, бранителот на Гоце Јанески. Според него иако има измена на описот на дејствието од страна на обвинителот, одбраната останува...
Post Views: 1
Во Струга се продолжува со палење на градската депонија при што се загадуваат воздухот, водата и почвата. Четири дена стружани се трујат со чад и штетни материи кои се шират во воздухот од депонија која гори, а на која завршува секаков вид отпад.Последен ваков инциден се случи кога непознат сторител ја запали дивата депонија за празникот Велигден. Општина Струга на својата веб страница соопшти дека на депонијата биле пронајдени гуми полиени со бензин, намерно запалени да предизвикаат пожар .
Од локалната ја информирале полицијата.
“Вакви настани сме имале можност да...
Post Views: 11
Министерството за економија го објави огласот за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година.
Финансиската поддршка ќе им биде доделена на лицата со ниски примања чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето-приходот од 30.000 денари, и тоа за:
-самец до 15.194 денари;-домаќинство со два члена до 18.000 денари;-домаќинство со три члена до 21.000 денари;-домаќинство со четири члена до 25.000 денари и-домаќинство со пет и повеќе члена до 30.000 денари.
Самците и домаќинствата со два или три члена...
Post Views: 1
Во охридскиот регион нема опасност од ширење на мали сипаници. Тоа се должи на високиот степен на имунизациоја, велат епидемиолозите. Во првото тромесечие на 2016 процентот за прва вакцинација од МРП бил 92, а за ревакцинација 95. Додека пак во првото тромесечие на 2017та процентот нешто паднал, но сепак е доста висок и за прва вакцинација изнесува 87 за ревакцунација 92. Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека во други градови и помали места во државава постои реална опасност од епидемија од морбили поради нискиот степен на имунизација.
Тоа пред се...
Post Views: 6
Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ преку политички монтирани случаи сака да го руши угледот на поранешните директори од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека политичкиот прогон е секојдневно присутен и дека СДСМ води нарачана, и пресметана хајка врз поранешните директори на ВМРО-ДПМНЕ поднесувајќи преку институциите неиздржани кривични пријави кои имаат политичка цел.
Се работи за партиски нарачки, класичен дегутантен пример на политички монтирани случаи, базирани на погрешни претпоставки и лажни конструкции а целта е рушење на угледот на личноста на поранешните...