Европски пари за проекти на општина и „Комуналец“

180 илјади евра грант европски пари доби општина Охрид за Проектот  „Меѓугранична соработка и интегрирани здравствени и социјални услуги за стари лица и деца и нивна превенција“.ЈП „Охридски Комуналец“ доби  600 000 евра за проектот „ Одржливо управување и третман на био отпад со користење методи за производство на био гориво. Проектите се дел од Програмата за прекугранична соработка помеѓу република Македонија и Република Грција.

 |   | 

180 илјади евра грант европски пари доби општина Охрид за Проектот  „Меѓугранична соработка и интегрирани здравствени и социјални услуги за стари лица и деца и нивна превенција“.ЈП „Охридски Комуналец“ доби  600 000 евра за проектот „ Одржливо управување и третман на био отпад со користење методи за производство на био гориво. Проектите се дел од Програмата за прекугранична соработка помеѓу република Македонија и Република Грција.

180 илјади евра грант од ИПА 2 програмата на ЕУ доби општина Охрид за спроведување активности во чиј фокус се страилте лица, децата и социјалнмо ранливите категории.

За Проектот  „Меѓугранична соработка и интегрирани здравствени и социјални услуги за стари лица и деца и нивна превенција“ се одобрени средства во вкупен иснос од  1 378 500 евра.  Во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција од ИПА 2 ,општина Охрид, аплицираше заедно со Лабораторијата на медицинска информатика на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, општина Неаполис, Грчката национална конфедерација на лица со попреченост, Факултетот за информациски и комуникациски технологии Битола и Болницата за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“.  Целта на овој грант е преку истражување во руралните области, програма за социјална и здравствена превенција, мобилни социјални и здравствени услуги да се зголеми бројот на луѓето кои ќе ги користат социјалните и здравствени услуги со фокус на старите лица, децата и социјално ранливите категории.
Имплементацијата на овој проект е 24 месеци.

Исто така во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу република Македонија и Република Грција  ЈП „Охридски Комуналец“ во партнерство со општина Лагадос, Државниот технички универзитет во Атина, Централниот сојуз на општина во Р. Грција и Факулетот за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле„ Охрид аплицираше за проектот „ Одржливо управување и третман на био отпад со користење методи за производство на био гориво (Sum Bio)“ и доби грант во износ од 1 320 000 евра, од кои 600 000 евра се предвидени за ЈП „Охридски Комуналец“.

Обезбедувањето на законски и финансиски услови за одржливо управување со отпадот и третман на истиот  ќе доведе до успешен економски развој на јавното претпријатие и намалување на дивите депонии во охридскиот регион. Ваквите активности ќе доведат до заштеда на енергија, бидејќи конвертирањето на био отпадот во био гориво ќе генерира одреден процент од вкупното количество на енергија кое се користи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top