Одложен претресот за случајот „Пливалиште“

Еден од обвинетите Миладиноски Климе, денес не се појави во Основниот суд во Струга.

 |  Биљана Николоска  | 
sudenje
суденје

sudenjeЕден од обвинетите Миладиноски Климе, денес не се појави во Основниот суд во Струга. Не дојде ниту неговиот адвокат Бесник Каба заради неодложна службена обврска. И после првото одлагање на главниот претрес за повторениот судски процес за случајот Пливалиште, поради измени во обвинителниот акт и денес во Основниот суд во Струга  не се создаде атмосфера за одржување на судското рочиште. Прашање е до кога ќе трае овој претрес, вели Димитрија Цобоски, бранителот на Гоце Јанески. Според него иако има измена на описот на дејствието од страна на обвинителот, одбраната останува идентична бидејќи во неа е содржана вистината за Јанески.
„Ништо повеќе од она што и на претходниот претрес кажав по однос на обвинетиот Гоце, бидејќи сметам дека на страна на Гоце не постои кривична одговорност за ова кривично дело а во текот на постапката мислам дека ќе успееме да доловиме една ситуација и да се увери и застапникот на обвинението и судот дека на страна на Гоце нема кривична одговорност“, изјави Цобоски.
На денешниот претрес требаше повторно да им се суди на тројцата обвинети косопственици на шанк кој работеше во рамките на струшкото Пливалиште, Цвете Вранишковски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески, но овој пат тоа требаше да се случи на секој поединечно а не како претходно, како соучесници во несреќата. Тие сеуште се единствените обвинети кои се теретат за сторено кривично дело предизвикување тешки дела против општата безбедност по животите на луѓето, поточно за несреќата во која од струен удар на 11 септември 2010 год настрадаа Јосиф Докоски (56), Киро Ѓоргоноски (57) и Јоско Кувенџиески (48). Предметот на повторно разгледување пред струшкиот основен суд е вратен според решението на Апелациониот суд во Битола, со изговор дека првостепениот суд недоволно ја утврдил фактичката положба, а немало ниту образложение какви дејствија поединечно презеле тројцата обвинети на кои претходно им беше изречена вкупна затворска казна во траење од 10 години и 4 месеци. На само два дена пред големиот Христијански празник „Велигден“, поточно на 12 април годинава закажан е главниот претрес од повторениот судски процес за случајот Пливалиште.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top