britanska viza

Од март апликации за британски визи и во Скопје

Post Views: 3 Македонските граѓани на кои им е потребна британска виза ќе можат аликациите да ги доставуваат до компанијата Teleperformance, која има потпишано договор со британската Агенција за визи и миграција. Од 26 март ќе може да се аплицира во канцеларијата на компанијата која ќе биде лоцирана во трговскиот центар Соравија. Канцеларијата ќе работи во период од 9 до 13 часот, од понеделник до среда, а апликациите за визи ќе се примаат со претходно закажан термин. За услугата граѓаните ќе треба да платат 59 фунти, кои ќе се наплаќаат во евра според моменталната конзуларна курсна...

Continue reading

Се излеа колекторска цевка кај Рача

Post Views: 1 Граѓани до нашата редакција реагираа дека неколку денови во попладневните часови истекува вода од колекторскиот систем кај рекреативната патека кај Рача. Тие претпоставуваат дека се работи за фекалии од колекторската цевка која поминува на овој потег и завршуваат во речниот канал кај Рача а потоа се влеваат во трската во езерските води. Покрај овој проблем граѓани укажуваат и на сличен проблем кај големиот канал пред дискотеката Парк. Кажуваат дека со месеци забележуваат како истекуваат фекалии во каналот и се шири непријатна миризба. Повторно во попладневните часови. ТВМ...

Continue reading

Жители на дел од Туристичка бараат асфалтирање на пат и осветлување

Post Views: 1 Незадоволни жители од Бул „Туристичка“ во близина на стара царина Охрид, реагираат до Секторот за комунални дејности, дека за да стасаат до нивните станови ги кршат автомобилите по како што кажаа импровизираното земјено и неасфалтирано патче. Од овој проблем засегнати се околу 90 станари кои по истиот пат поминуваат до влезот на нивните стнови и гаражи. Како што кажа Горан Љубисављевиќ жител на овој дел, тие пред две недели се обратиле до секторот за комунални дејности, улици и патишта со барање да им се асфалтира пристапното патче, сметајќи дека станува збор за мал...

Continue reading

kamenolom

Ризични каменоломи

Post Views: 2 Здравјето пред профитот. 10 илјади жители на Лабуништа секојдневно голтаат прашина од каменоломите во атарот на ова струшко село. Мештаните стравуваат од последиците по нивното здравје. Велат дека надлежните се оглушиле на нивните барања, молби и апели за изнаоѓање решение за проблемот. „Во Лабуништа имаме страшен проблем со каменоломите. Прво овде никој не е дојден ниту од Министерството за животна средина да види како живее ова село 10 000 жители и имаме 3 каменоломи. Нека дојдат од министерството да видат како живееме ние во Лабуништа и да се преземат мерки. Ние ќе...

Continue reading

Балканот без граници како туристичка дестинација

Post Views: 0 За убавините на Балканот како туристичка дестинација, туристите најчесто се запознаваат преку големите туристички тури. Но, Балканот без граници лесно може да стане туристичка дестинација која ќе привлекува туристи од трети пазари. За една дестинација биде брендирана треба да се преземат низа сериозни чекори, да се направи проценка на најсилните атрибути со кои располага таа дестинација која може да биде препозната од туристите како начин на живот. Охрид располага со многу такви атрибути, објаснува „Јас сум сигурен за голем број на дами кои со сигурност би го поврзале...

Continue reading

Саниран мостот на Вевчанска река

Post Views: 1 Саниран мостот на кејот на Вевчанска река, информираат од општина Вевчани. Мостот веќе подолго време беше во лоша состојба и истиот беше небезбеден за минувачите. За “6” шајки и неколку дрвени даски овој мост повеќе од една година претставуваше сериозна опасност за минувачите по истиот. Овој мост го користат многу граѓани кои рекреирааат по кејот, но го користат и нашите деца кои одат по кејот до детската градинка и основното училиште. Безбедноста на нашите сограѓани е најважна! А наша обврска и должност е да се грижиме за неа и постојано да ја подобруваме,...

Continue reading

РК Охрид 2013 се пласира за учество во престижниот ЕХФ Куп

Post Views: 9 Љубителите на ракометот ќе можат да гледаат европски натпревари во Охрид. Нашиот клуб Охрид 2013 достигна ниво кое им овозможува на ракометарите да се натпреваруваат во престижниот ЕХФ Куп. Претседателот на Управниот одбор Љупчо Танески нагласи дека овој успех не само што ќе придонесе за афирмација на спортот и туризмот во градов, туку голем успех е и за клубот и Локалната самоуправа која максимално го поддржува клубот од сите аспекти. „Тоа од спортски аспект претставува најголем успех на една ракометна екипа од Охрид во досегашната историја на постоење на клубот. Охрид...

Continue reading

Во Охрид се одржа едриличарска регата

Post Views: 2 Во Охрид се одржа едриличарската регата „Заедно за иднината на Езерото“. Едриличарот Наум Своноски е еден од поискусните натпреварувачи од класата Двосед 470. Досега имал успешни резултати и освоени први места. Успех очекува и на оваа регата, а сподели и зошто го избрал едрењето како спорт. Едрењето го одбрав уште од мал, сакав водени спортови, пораснат сум до вода и одлучив да се фокусирам на едрењето и да се обидам да земам награди – вели Своноски. 13 годишната Евгенија Ставрева, веќе 8 години се занимава со едрење и остварува одлични резултати во класата Оптимист. Многу...

Continue reading

Локацијата каде што е преместен градскиот пазар не е најсоодветно решение

Post Views: 2 Просторот каде што сега е сместен градскиот пазар е крајно несоодветен. Во пазарот е темница, а продажните тезги се збиени една до друга, така што купувачите едвај се разминуваат при пазарење. Во пазарен ден во понеделник е вистински хаос. Закупците и купувачите се жалат на лошите услови, а продавачите се жалат дека на пазарот има се помалку купувачи. – Пазарот не е добар, хигиената е лоша.– Не сме задоволни од условите во пазарот.-Под ламарината сме како под сач над нашите глави, жешко е, а нема ни место каде да ја оставаме за дотур робата која ја продаваме....

Continue reading

Спој на нови вкусови комбинирани со домашни сортни вина,на мени во охридските ресторани

Post Views: 4 Брускети со песто и пршута со диња се дел од менито на винаријата  „Мал Св.Климент. Винаријата нуди и други специјалитети подготвени од свежи продукти во комбинација со неколку видови домашни сортни вина. За изборот на менито со јадења, сосови и преливи кои ќе се служат со винска карта задолжен е шефот Синиша Салатиќ со над 3 децениско угостителско искуство во светски реномирани ресторани. Врвниот гастроном Салатиќ кој има и македонско потекло, открива која е неговата намера по долгогодишната кариера во ресторани во западно европските земји да дојде во Охрид. „Имав предизвик...

Continue reading

Социјалните мрежи им ја олеснуваат работата на арамиите

Post Views: 1 Пред да одлучите на Facebook да поставите фтографии од одморот, размислете кој сѐ би можел да ги види и дали потенцијален арамија тоа би можел да го искористи бидејќи вашиот дом во тие моменти е привлечен за грабеж. Арамиите ги користат Facebook, Twitter и слични социјални мрежи, предупредува Wolfgang Balders од одделението за спречување криминал во Келн. Затоа најдобро е на деталите од вашето летување или зимување на социјалните мрежи да ставите што помалку податоци. “Датуми и географски податоци не ставајте на страниците на интернет”, предупредува Balders и вели дека...

Continue reading

Потребна е крв од крвната група нулта негатив

Post Views: 3 Потребна е крв, нулта негатив крвна група, за пациентот Новко Николоски хоспитализиран во специјалната болница Св. Ерзамо во Охрид. Сите кои можат да помогнат треба да се обратат на телефонските броеви 078 662 177 (Новко) и 071 739 809 (Зоран).

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top