Балканот без граници како туристичка дестинација

Балканот без граници лесно може да стане туристичка дестинација која ќе привлекува туристи од трети пазари. Но, сеуште постојат административнни и политички предизвици во брендирањето на малите дестинации какви што сме и ние, кои мора да се надминат доколку сакаме приходи од туризмот, велат туристичките експерти.

 |   | 

За убавините на Балканот како туристичка дестинација, туристите најчесто се запознаваат преку големите туристички тури. Но, Балканот без граници лесно може да стане туристичка дестинација која ќе привлекува туристи од трети пазари. За една дестинација биде брендирана треба да се преземат низа сериозни чекори, да се направи проценка на најсилните атрибути со кои располага таа дестинација која може да биде препозната од туристите како начин на живот. Охрид располага со многу такви атрибути, објаснува

„Јас сум сигурен за голем број на дами кои со сигурност би го поврзале Охрид со Охридските бисери.Но, се поставува прашањето дали неи го земаме здраво за готово тоа што го имаме или постои план врз основа на кој Охрид како дестинација се пласира и дома и надвор, рече Милош Миловановиќ – Меѓународен туристички консултант.

Послениве неколку години балканските тури стануваат се попривлечни особено за туристите од земјите од далечниот исток. Совладување на административните препреки со кои се соочуваат туристите е една од главните цели на туристичките работници од регионов, истакна Крсте Блажевски престедателот на „ХОТАМ“.

„Сите држави околу нас го имаат истиот проблем и се жалат на поминувањето на границите поготово во тој летен период и како членки од БАХА имаме зацртано тој проблем се достави до сите влади на земјите членки, да се олесни ние не можеме да ги отстраниме, постојат граници, но ние мора да им олесниме на туристите, потенцира Крсте Блажевски – Претседател на „ХОТАМ“.

Но, влијанието на политиката во сите сфери од животот вклучително и туризмот го зема својот данок. Бариерите и препреките сеуште се само во мислењето на политичарите, кои сеуште калкулираат со надлежностите, што во суштина само го кочи процесот на брендирање. Туристичките работници од Балканот мора да седнат на зедничка маса, да се определи заеднички буџет за Балканот како една дестинација и на тој начин да се претставиме како дестинација, наспроти она што сега се прави, а тоа е трошење на енормни средства и поединечно и од страна на локалните самоуправи, само за претставување на туристички саеми, истакна Дончо Танески – поечесен претседател на БАХА.

„Трошиме многу средства ние како РМ, но во последниве две години саемските манифестации се жалосни.И подобро би било да не сме пристну отколку да сме присутни како што сега во оваа ситуација се презентираме“, кажа Дончо Танески – поечесен претседател на БАХА.

Огромни се капацитетите на туристичката понуда на Балканот како дестинација. Покрај материјалните ресурси кои се неспорни, културните историските, гастрономијата, природните убавини главен адут на Балканот е човекот .

„Традиционалното гостопримство, слободата изградени на темелеите на некогашната заедничка држава, еден ментален склоп кој го поседуваат нашите народи, нашето стопанство се неодминлив клуен ресурс кој само треба да го надополни ова претходно набројано што треба да го доживеат странските туристи“, Иван Џоковиќ – потпретседател на Владата на Војводина.

“Дестинацијата како бренд” е темата на Втората конференција од областа на туризмот, со меѓународно учество, што од денеска до недела се одржува во Охрид. Организатор е Балканската асоцијација на хотелиерите – БАХА со поддршка на Македонската хотелската асоцијација – ХОТАМ и Хотелската асоцијација на Албанија. На конференцијата присуствуваат претставници од туристичкиот сектор, национани асоцијации и членови на влади од регионот. Присутните ќе дискутираат и дебатираат околу предизвиците во брендирањето на дестинациите, потоа за значењето на хотелскиот бренд за дестинацијата и за гастрономијата како основа на брендирањето.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top