Просторот околу маркетот Рамстор во Охрид, и ова лето наликува на пазар или панаѓур

Post Views: 0 И ова лето граѓаните реагираат дека просторот околу маркетот Рамстор е несреден и натрупан со пакети , палети и стока. Местото на производите им е на рафтови или во магацин а не околу маркетот, на тревникот и тротоарот. Сето тоа создава една грда слика во самиот центар на туристички Охрид веднаш до градскиот плоштад и Летница. Граѓаните секое лето реагираат на ваквата пракса на Рамстор да ја чуваат стоката околу самиот маркет . Не ретко се сличува и на температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина да се чуваат цели палети со вода и безалкохолни пијалоци....

Continue reading

Во Охрид на листата на невработени најбројни се лицата без квалификации

Post Views: 1 На охридскиот пазар на трудот работа чекаат 3702 лица. Во првите седум месеци од оваа година најброни се лицата кои активно бараат работа но се без квалификации и нивниот број е 1500. Веднаш зад нив се 1100 лица со завршено средно обарзование, 140 лица се со вишо образование, а 600 лица се невработени охриѓани со високо образование, информираат од охридскиот Центар за вработување. Охридското стопанство во однос на побарувачката на работни профили и понатака најмногу има потреба од кадри во угостителскиот сектор. Барани се готвачите, келнерите, собарките, шанкерите. Овие...

Continue reading

Вознемирувачки најави на реномирани светски метеоролози

Post Views: 5 Поради невообичаено изразениот феномен El Nino, кој се најавува за престојната зима, поголемиот дел од планетата за неколку месеци би можел да се соочи со екстремни поплави, суши и шумски пожари, пишува британскиот Dayli Telegraph, повикувајќи се на угледни метеоролози. Станува збор за екстремно метеоролошко пореметување кое во Велика Британија би можело да предизвика екстремно ладна зима, во САД разорни бури, во Јужна Америка обилни дождови со одрони на земјата, во јужна Азија суша, а во Австралија шумски пожари. Климатологот Bill Patzert, вработен во NASA, вели дека...

Continue reading

Новата патека од мостот до хотел Парк веќе не личи на нова

Post Views: 21 Патеката од мостот до хотел Парк по која секојдневно минуваат голем број граѓани кои ја користат за рекреација, но и како пат кој води до најблиските плажи, од кога се направи не е воопшто измиена. Остатоци од сладолед, овошје, стакло и други отпадоци оставиле зад себе несовесни граѓани. Од Локланата велат дека службите на ЈП „Комуналец“ од 5 часот наутро до 9 часот ја чистат патеката и ги отстрануваат отпадоците, ги празнат корпите и контејнерите и го одлагаат сметот на паркинг просторот кај Центарот за обука на вода од каде се подига, но признаваат дека патеката не...

Continue reading

Boris Trajkovski

Десет години од смртта на Претседателот Борис Трајковски

Post Views: 4 Денес се навршуваат десет години од смртта на Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој животот го загуби во авионска несреќа близу Ротимње, БиХ, патувајќи на средба во Мостар во 2004 година. Својот претседателски мандат го започна на 15 декември 1999 година по завршувањето на мандатот на првиот претседател на РМ,  Киро Глигоров. По тој повод, свое обраќање во Ротимње ќе имаат Претседателот на РМ, Ѓорѓи Иванов како и претседавачот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ. На градските гробишта во Скопје поточно во Алејата на великаните, свежо цвеќе...

Continue reading

Андреј Стојановски победник на Илинденскиот маратон

Post Views: 7 Андреј Стојановски прв доплива на целта на 38 то издание на Илинденскиот пливачки маратон 2017. Во конкуренција на шеесеттина пливачи од неколку домашни и странски клубови кои плива во водите на Охридското Езеро, поделени во две категории, тој успеа да ја понесе годинешнава победа. Стојановски вели дека имал мала криза после олимпијадата за глуви која се одржа во Турција, но желбата да плива на Илинденскиот маратон во Охрид била појака од се, така што воопшто не му било тешко без придружба да плива. „Андреј учествуваше на Олимпијадата за глуви што се одржуваше во Турција,...

Continue reading

Полека згаснува бродската линија Охрид- Поградец

Post Views: 5 Полека згаснува бродската линија Охрид- Поградец. Ова лето не се реализирала ниту една тура, велат од Охридската капетанија. Со отварањето на граничниот премин кај Св. Наум сите бродови добија одобренија за воспоставување на меѓународен воден транспорт, информира Горан Устијансоки капетан на Капетанија на пристаништата-Охрид. Но интересот на патниците опаѓа. Воспоставени се сите норми и принципи за минување на границата по воден пат. Донесено е од страна на МВР и царинска управа отварање привремен граничен премин што е пракса секоја година наназад. На барање на бродарите...

Continue reading

lov

Џамијата Челеби да се препушти на професионалци

Post Views: 0 Реакција за уривањето на дел од 5 вековната стара џамија во Струга пристигна од општинскито огранок на ДПА. Муфтијата Ферат Полиси и градоначалникот Рамиз Мерко со злоупотреби на нивните позиции го оцрнуваат имиџот на стружани, истакна на прес конференција, Лавдрим Елмази, претседател на општинскиот огранок на ДПА. Верниците од исламската вероисповед заслужуваат достоинствена џамија, но наместо да се руши џамијата стара 5 века, можеше да се најде место за  изградба на нова, рече Елмази. На прашањето дали зад уривањето на џамијата стојат нечии интереси, претседателот...

Continue reading

Нити една охридска плажа не е прилагодена за телесните инвалиди

Post Views: 3 На охридското крајбржје нема нити една плажа на која може полесно да дојдат лицата со телесен инвалидитит. Десетина години ни локалната самоуправа ни државата не покажаа разбирање да се уреди барем една плажа за потребите на овие лица. Од ОО ЦК Охрид напоменуваат дека од 2005 година се обидуваат кај надлежните да ја поттикнат добрата волја и да се адаптираат плажите на охридскиот брег за лицата со инвалидитет како што е насекаде во светот. „Не може ресорт или поголем хотел да немаат достапно место каде што човек со количка ќе може да влезе и да се искапи со посебна количка...

Continue reading

Охрид подготвен за Богојавление Водици

Post Views: 3 Охрид се подготвува за празникот Богојавление Водици. Осветувањето на водите на Охридското езеро е круна на новогодишните празнувања. Годинава празникот го организира општината заедно со Дебарско-кичевската епархија. Со почитување и запазување на мерките за заштита од Ковид 19 ќе продолжи вековната традиција. Викендов нуркачите го расчистуваа дното на градското пристаниште. Времето ќе биде прилично студено, температурата на водата е 7 степени, а температурата на воздухот се очекува да биде околу 4 степени. Ќе има бесплатни медицински прегледи за капачите, а апелот е...

Continue reading

На празникот Илинден Фестивалот Охридско лето донесува двојна програма

Post Views: 0 Концерти на два сопрани и пијано се на вечерашниот репертоар на Фестивалот Охридско лето. Во 20.30 во Света Софија настапуваат познатите сопранистки, сестрите-близначки Билјана Стафансон и Љилјана Јовановиќ, во придружба на врвната македонска пијанистка Марија Вршкова. Концертот ќе го одржат во рамките на Шведската вечер на фестивалот.Близначките Стафансон и Јовановиќ се колоратурни сопрани кои публиката ги памети како „чудо од деца“ од времето кога на 9-годишна возраст на телевизија го исполниле дуетот од Моцартовата „Волшебна флејта“. Двете честопати настапуваат заедно...

Continue reading

Изменети и дополнети мерките за организирање спортски натпревари и други настани

Post Views: 0 Владата на Република Северна Македонија на последната седница донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика. Настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено ќе смее да се одржуваат со 30% од капацитетот на просторот, а на отворено до 50% од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19,но и  со поседување сертификат за примена...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top