„Свињарот“, детската претстава за двете страни на љубовта, онаа убавата, и онаа со несреќен крај, прва премиера во годинешната театарска сезона на Охридскиот народен театар. Режисерот на оваа претстава, Ѓорѓи Ризески вели дека со претставата се обидуваат да им прикажат на децата два света, оној од бајките и светот во реалноста. Според него, љубовта е најсилното нешто на светот, но не секогаш има среќен крај.„Ова ќе биде една едукативна претстава за децата која ќе им даде до знаење каква е всушност љубовта во светот на возрасните, дека за да се случи љубовта, треба да биде возвратена од двет…
За само месец и половина од почетокот на годинава на територија на општина Охрид опожарени се и уништени 6 пластични контењери. Најновиот случај на комплетно уништување на ваков контењер беше регистриран утрово на ул Пере Тошев во близина на детската градинка Росица. До опожарување на контењерите доаѓа поради депонирање во нив на пепел со недогорени остатоци од страна на несовесни граѓани. Од Охридската противпожарна единица информираат дека изминатата година бележат 33 случаи на опожарени контењери. Тоа претставува проблем не само за ЈП Охридски Комуналец кое трпи штети, туку тоа е опасн…
Пациенти повеќе од три месеци не можат во болничката лабараторија да го проверат хормонот тироксин. Се жалат дека во лабараторијата нема реагенс за проверка на функцијата на тироидната жлезда. Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов потврдува дека во нивната лабараторија нема ваков реагенс. Образложи дека проблемот настанал кога Фондот за здрвствено осигурување им го проширил пакетот на услуги на приватните ординации и лабаратории. Тоа им го зголемил приливот на пациенти во нивната лабараторија, а количините не им биле планирани за таа година.„ За конкретната ситуација најмногу проб…
Осовремување и модернизација на Општина Дебрца, главна заложба на градоначалникот Игор Трајкоски за 2015 година. Тој најави повеќе проекти меѓу кои изградба на систем за фекална канализација во село Велмеј како приоритетен. Според Трајкоски системот ќе биде во должина од 9354 метри, а ќе се состои од главен крак, колектор кој ќе минува низ средината на селото и кој ќе ги прифаќа останатите секундарни краци.„Во овај проект предвидени се вкупно 237 ревизиони и каскадни шахти. Секундарните краци ќе се поставени на начин, да ги зафаќаат отпадните води од сите објекти и по гравитационен пат д…
Секторот за внатрешни работи Охрид, согласно законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, до Основниот суд од Охрид поднесе предлог, на лицето М.K.(34) од Oхрид, како заштитни мерки да му се изречат: забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство, забрана за малтретирање и вознемирување на неговата сопруга, задолжително лекување од алкохолизам и задолжително лекување од психичко заболување. По прифатениот предлог и според донесеното решение од Основниот суд Охрид, мерките ќе траат една година а ќе бидат спроведувани од страна на СВР Охрид и подрачните медицински …
Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок донесе нови одлуки.
Се предлага од среда, 16-ти јуни, целосно да се укине полицискиот час, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.
Предлог мерките ќе бидат доставени до Кризниот штаб на усвојување.
Депонија на приватен имот нагрдува дел од улицата „Дејан Војвода“. Тука може да се забележи различен смет, од комунален, градежен до зелен отпад. Граѓаните велат дека тука кој како ќе стигне фрла смет. Иако е во центарот на градот никој од надлежните не излегол на терен да ја констатира состојбата ниту да даде налог истиот да се исчисти. Како што кажаа граѓаните до пред 15 години тука живеела сопственичката на куќата, а после нејзината смрт никој не водел грижа за тоа место.
Законот за јавна чистота е дециден дека кога станува збор за депонија во објект кој е во приватна сопственост, газд…
Се надмина проблемот во охридската подружница на ЈП „Македонски шуми“. Фискалниот апарат со ЏИ ПЕ ЕР ЕС уред е ставен во функција. Откога Твм го актуелизираше проблемот на граѓаните кои се пожалија до нашата редакција дека не можат да си набават дрва од ЈП „Галичица“ бидејќи вработените не продаваа дрва поради немање нов фискален апарат, истиот е инсталиран. Револтот на граѓаните беше оправдан затоа што се создаде еден вакум во кој временски период тие не можеа да си набават дрва бидејќи вработените во подружницата не сакаа да го прекршат законот и да продаваат без да издадат фискална сметк…