Од колено на колено, од визита на визита, а сега од едни до други охридски староградски средби. Продолжува традицијата на Садиловци, на охридските тајфи и прекрасната и безвремена староградска песна. 27то издание на фестивалот Охридски староградски средби на едно место собра 14 ансамбли и негуватели на староградската песна, но и бројна публика која тактираше во ритамот на „Бор садила мома Евгенија“, „Битола бабан Битола“ и уште многу други стари македонски песни.
„Овие ансамбли, овие групи, најголем број од нив се ентузијасти кои од голема љубов спрема убавата градска музика пејат и музици…
Намалениот наталитет, се помалите генерации кои запишуваат и завршуваат основно образование ги преполовија паралелките во средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“. Сегашната генерација која запиша прва година, а особено наредната, според статистичките податоци се најмали по бројот на дечиња. За оваа учебна година, менаџментот на ова средно училиште бил приморан да бара одобрение за формирање на паралелки со помал број од законскиот минимум од 25 ученици што е сериозно намалување во споредба со генерациите од пред десетина години кога економските паралелки броеја и по 40 деца.
„Овие…
Секој што сака деца и што сака да им помогне на децата кои живеат во тешки услови може да помогне и да се вклучи во проектот на Владата, „На секое дете му е потребно семејство“. Оваа порака ја пренесоа две охридски семејства кои згрижиле деца. „Немам зборови за нив, тие знаат да ценат, искажуваат голема благодарност, љубов. Прегратката од туѓо дете е многу голема, тое е богатство како и децата“ – вели Анкица Крстаноска – згрижувач на деца.Децата знаат доброто со добро да го вратат. Тие се подобри психолози и од возрасните вели Татјана Достиноска, која во своето семејство згрижила три деца. …
Учениците од медицинската струка во средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ наместо од учебници по дел од предметите во струката учат од своите тетратки. Директорката на училиштето, Славица Костоска вели дека за стручните предмети и во двете струки се издадени учебници по скоро сите предмети, но потврдува дека за дел од предметите сеуште немаат добиено учебници. Костоска проблемот го лоцира во Одделот за издавање на учебници при Министерството за образование кој според неа сеуште нема издадено нови учебници. Таа вели дека наместо да се усовршуваат наставните единици и истите да бидат…
Седниците на совет, филмски маратон. Обременети со повеќе од 60 точки преставуваат вистински тест за концентрацијата на советниците. Предпоследната седница имаше дури над 70 точки. На последната седница која се одржа пред два дена на дневен ред беа ставени 64 точки. Од кога градските избраници се истрошија со бурни расправи на првата точка на која се дискутираше за физибилити студијата за изградба на марина на малото пристаниште, преку останатите 63 само прелетаа иако поголем дел од нив беа извештаи за финансиското работење на основните и средните училишта во градов. Советникот Јоне Станк…
Постои црна берза за продажба на отпадни масла-тврдат оператори кои собираат и преработуваат ваков тип на отпад. Вакви незаконски активности, според Горан Костиќ, сопственик на една ваква фирма, се случуваат и во Охрид, а дел од сторителите се и големи хотели и ресторани од градов. Костиќ тврди дека во досегашното работење многупати се соочиле со случај одлагачот на отпадот да пријави помала количина одложено масло во транспортниот формулар кој му го издава операторот кој го собира отпадот, за потоа остатокот од отпадното масло на црно да биде продадено на живинарски фарми и фарми за свињи….
Еколошки хотели кои користат соларни панели за греење, економични тушеви, користат природна светлина, хотели кои служат само органска храна од локални земјоделци, а остатокот од неискористената храна го даваат на бездомните лица, кафетерии кои организираат дружења за социјално загрозените семејства, нудат бесплатни пијалаци. Ви звучи како список на учесници на некој светски бизнис форум? Е па не е така, станува збор за иновативните бизнис идеи на младите претприемачи од Охрид и Струга кои освен идејата за профитабилен бизнис, се потрудиле во своите бизнис планови да го вклучат и елементот н…
Фантастични откритија во рамки на Проектот „Античка патна мрежа во Охридско – струшкиот регион“, кој беше реализиран во текот на месеците мај и јуни.
Археолошките истражувања кои се одвиваа на повисоките делови од планините Јабланица и Галичица ги раководеше Бојан Танески, виш кустос од НУ Завод и Музеј – Охрид.
Истражувањата дадоа одлични резултати во поглед на прецизно одредување на движењето на одредени патни траси и делници кои досега беа споменувани во науката, но акцентот беше ставен на откривањето на нови патишта, нивниот опус на градење, употребените техники при градбата, справува…