Спречено насилно однесување на концерт. Со изведена тактичка вежба полициските сили демонстрираа како делуваат во слични ситуации. Вежбата беше изведена пред министерот за внатрешни работи, Митко Чавков. При тоа, тој истакна дека во последните 10 години МВР успеало да изгради функционални полициски сили, кои се гаранција за високо ниво на безбедност на граѓаните. „Јас сум задоволен од тоа што го видов и ми дава гаранција дека имаме доволно капацитет за да обезбедиме јавен ред и мир на охриѓани и на туристите кои престојуваат во Охрид“, рече министерот Чавков.„Сведоци сте на многу акции кои …
Две засега непознати лица се сторители на казнено дело „измама“ извршено вчера на улицата „7 ноември“ во Охрид. Тука, околу 10 часот и 30 минути, двете лица на околу 55 годишна возраст, пресретнале повозрасен жител на Охрид и започнале разговор со него.
Притоа, едниот од нив му кажал дека другиот човек е од Израел кој имал сообраќајна незгода во Охрид поради што морал итно да плати оштета. Тој, од повозрасниот охриѓанец побарал да му помогне на странецот и да му даде пари за плаќање на оштетата нудејќи му во залог рачен часовник кој, според него вредел 4000 евра.
Верувајќи во кажаното и с…
„Аматерските политички истапи на ОО СДСМ Охрид директно делегирани од нивниот прес центар, се добро познати на охридската јавност. Веројатно во сегашниот политички момент добиле задача нивните пресови да ги поврзуваат со името на градоначалникот Никола Бакрачески на секоја можна тематика“, стои во соопштението на Општина Охрид.
Па така не би не зачудило кога би прочитале дека Градоначалникот е одговорен за климатските промени, количеството на атмосферските врнежи, топењето на снегот или пак за должината на сончевата инсолација. Се разбира, темите на нивните прес конференции не се предмет н…
„Бараме градоначалникот Никола Бакрачески и локалната власт во Охрид веднаш да одговорат на граѓаните на Охрид, но и на Македонија – зошто е паднато нивото на водата на Охридското Езеро“, стои во соопштението на СДСМ од Охрид. „Трет ден состојбата со Охридското Езеро е критична. Алармантно ниското ниво на водата во езерото е директна закана за растителниот и животинскиот свет во и околу езерото. А Бакрачески и општината под негова надлежност ништо не преземаат.“ „Дали тоа значи дека со знаење на Бакрачески и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се злоупотребува водата на езерото?Од кого и за …
„Градски Гробишта“ се огласи во врска со неодамнешните обвинувања упатени кон ова јавно претпријатие од страна на погребалниот оператор Мирен Сон. Директорот Зоран Симоноски сите укажувања од Мирен Сон, категорично ги отфрли како невистинити и лажни. Тој вели дека немањето греење во капела според него не е проблем, бидејќи можеле да се стават грејни тела, но смета дека таквото барање е неиздржано бидејќи просторите таму биле постојано отворени. Додека пак околу забелешките, дека во просторијата каде се врши подготовка на покојните лица од муслиманска вероисповед не се исполнети минимун х…
Верскиот празник Св. Атанасиј Велики покрај православните христијани го слават и Балканските Египќани. Овој светец се смета дека е еден од најпознатите светци во христијанската религија, а Господ Бог му предодредил тој да се бори против мразот и студот. Околу симболиката зошто овој светец го слават и припадниците на заедницата на Балканските Египќани, за ТВМ открива хроничарот м-р Димитар Смилески. Тој кажува дека египќаните Танасовден го слават два дена, 30 и 3ви јануари.
„Нивниот обичај се состои во тоа што тие за тој ден земаат еден петел го чуваат и го чекаат да пропее. Посла тоа ти…
Општина Охрид започна со работни активности за чистење на речното корито на река „Сушица“ на улица „Прилепска“, на потегот од крстосницата со улица „Радојца Новичиќ“ до крстoсницата со улица „Будва“.
Со помош на механизација се врши чистење на дивата и обрасната вегетација и се прави ископ на натрупани наноси од земја.
Овие активности се дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид, во делот за чистење и одржување на реки, речни корита и канали.
Според планираното, во текот на наредниот период, ќе се врши чистење и на останатите речни корита на територија …
Денеска започна уништувањето на 3000 птици во Мороишта по појавата на птичји грип на семејни живинарски фарми. Направен е попис на 105 селски домаќинства по што следува уништување и спалување на живината.
Жителите на Мороишта се вознемирени од присуството на ветеринарите и полицијата, но не и од болеста птичји грип. – „Не било опасно по здравјето на луето па не сме многу загрижени. Институциите ќе ја завршат работата како што треба така да не сме многу загрижени“.- „Имам живина некои 20 кокошки , ветеринарна требаше да направи некоа дезинфекција пред тоа . Незнам како да сме под …