Шахистите од ШК „ЛАСКЕР“ од Охрид на Државните првенства во шах за млади 2019г што се одржаа од 26 април до 01 мај 2019 година во хотел „Дрим”-Струга, во организација на Шаховската федерација на Македонија, постигнаа соилден успех.
На Поединечните првенствата на Северна Македонија за млади за 2019г учествуваа 83 млади шахисти поделени во седум категории.Ш. К. Ласкер Охрид учествуваше со 12 млади шахисти, нашите членови ги постигнаа следните резултати:
во категорија до 08 години момчиња Марко Котлар го освои 10 местово категорија до 10 години девојчиња златен медал и пехар Емилија Лушеска,…
Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), Црвен крст Охрид организира марш на еднаквоста „Мозаик“ под мотото „Секое камче е скапоцено“.
Целта е со овој марш да се поттикнат луѓето на заедништво, слога, еднаквост, хармонија, љубов и меѓусебно разбирање. Да ги оставиме поделбите зад нас, да покажеме дека нашата животна заедница е поубава кога сите живееме заедно во слога и пријателство, да ги надминеме предрасудите кои луѓето ги делат по вера, националност, боја на кожа.
Маршот ќе се одржи во петок, 3 мај, со почеток во 13 часот, а ќе се старту…
Годинава по шести пат во регионот ќе се одбележи Денот на реката Дрим. Овој проект ги опфаќа реката Сатеска, Глобочичко Езеро и Дебарско Езеро, кои сите заедно се дел од Дримскиот басен.
Централниот настан ќе се одржи на 03.05.2019 година во Центар за култура во Дебар.Организатор на овој настан ќе биде Регионалниот Зелен Центар од Охрид, во партнерство со Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар. Проектот „ Дрим без пластика“ е финансиран од ГЕФ- Глобален еколошки фонд и неговите партнери. Регионалниот Зелен Центар во месец март аплицираше со проектот „Дрим без пластика“ и истиот …
Граѓаните сакаат промени, граѓаните сакаат дела, а не зборови. Ние сме тие коишто секогаш мислиме за доброто на граѓаните како во градот така и во приградски населби и руралните средини, кажа кандидатот за Градоначалник Митре Милошевски на денешната пресконференција која ја одржа во населбата Радојца Новичиќ. „Приоритена задача е да ги исчистиме и уредиме речните корита на реките Сушица и на Коселска река во Долно Лакочереј. За учениците современи услови со реконструкција и доуредување на ОУ „Кочо Рацин“. Поставување автобуски постојки за жителите да имаат услови да чекаат на точно одредени…
На Меѓународниот Ден на трудот 80-тина охридски синдикалци беа дел од денешниот марш во Скопје. Македонските синдикалци под мотото Нашиот глас – гласот на работниците, “Не може да се одлучува за нас, без нас” испорачаа барања до Владата. Стевчо Маслов, секретар на подрачната канцеларија на ССМ Охрид, напоменува дека бараат ефикасна и брза реализација на работничките права наведени во манифестот кој го доставија до премиерот и министрите за финансии и труд и социјална политика.
„ Договори за вработување на неопределено време, стоп за договорите на определено време подолго од 1 година, сабот…
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), среда, први мај 2019 година, Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на трудот.
И македонците денес го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот, во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на нивните права.
Денот на трудот се празнува на првиот ден од мај во знак на почит кон жртвите од ш…
Во наредниве три месеци ќе започне реализацијата на еден огромен проект кој се однесува на промена на сите пумпи за водоснабдување кои се поставени во пумпните станици, „Метропол“, „Трпејца“ и „Љубаништа“, а ќе се менува и електриката. Станува збор проект вреден 20 милиони денари, обезбедени преку грант на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, проект кој ќе го спороведе Јавното Претпријатие „Водовод“ – Охрид во соработка со општина Охрид.
Со реализирањето на проектот се очекува да се подобри водоснабдувањето и да се преполоват месечните сметки за електрична енергија …
Фејсбук ја обвини „погрешната промена на конфигурацијата“ за речиси шестчасовна блокада што спречи 3,5 милијарди од нивните корисници да пристапат до социјалните медиуми и услугите за пораки, како што се Facebook, Instagram, Whatsapp. Компанијата не наведе на блогот кој ја направил промената на конфигурацијата и дали била планирана.
Неколкумина вработени во Фејсбук, кои побарале да останат неименувани, за западни медиуми рекоа дека веруваат дека прекинот се должи на внатрешна грешка во начинот на насочување на сообраќајот преку интернет.
Неисправностите на алатките за комуникација преку…