Окт 31, 2021

Во Охрид 41 % излезност до 15:30 часот

Според најновите податоци од Државната изборна комисија до 15:30 часот, од обработени податоци од 89 избирачки места, на гласање излегле 21 500 охриѓани или 41 % од запишаните 52.477 избирачи. Струга – 17 315 или 28,20 % Вевчани – 1 380 или 66,54 % Дебрца – 1 855 или 42,66 %

Јун 22, 2020

ЕКО ФАПОТ ја среди дивата депонија на улицата „Јордан Мијалков“

На иницијатива на „ЕКО ОХРИД“ викендов беше реализирана еко акција за средување на просторот на дел од улицата „Јордан Мијалков“ кој веќе неколку години наназад прерасна во депонија. Со помош на ЕКО ФАПОТ од страна на урбаните херои Марија Трајкоска, Дуле Трајкоски, Велентин Христовски, Пецо Павлоски, Кире Павлески викендов беа подигнати повеќе од десет кубни метри и9нертен и комунален отпад од оваа локација. Пред две години директорот на ЈП „Охридски комуналец“ за ТВМ изјави дека депонирањето шут на овој потег се интензивирало кога се донесла одлука за забрана за депонирање на градежен ш…

Јун 22, 2020

Регистрирани 2.169 прекршоци поради неносење заштитна опрема, издадени 1.145 решенија за изолација

Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 19709 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 2169 во изминатиот викенд, а 705 прекршоци во изминатото деноноќие. Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на викендот извршени се 987 контроли при што се евидентирани 2 објекти кои не ги почитувале одлуките, од нив во изминатото деноноќие извршени се 212 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата. На територијата на целата држава за време на викендот издадени се вкупно 1145 решенија за изолаци…

Јун 22, 2020

„Вдиши театар“ се одлага за наредната година

Годинешното издание на меѓународниот аматерскиот младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид, традиционално во месец јуни го најавуваше културното лето во Охрид, заради ситуацијата со епидемијата на COVID-19, оваа година младите од театарската група на Црвен крст Охрид, на симболичен начин, почитувајќи ги препораките за заштита од коронавирусот, од предворјето на црквата „Св.Софија“ во Охрид упатија силна порака дека тие се дел од решението, а не од проблемот и со нетрпение го очекуваат седмото издание на „ВДИШИ ТЕАТАР“. Затоа сите заедно да бидеме о…

Јун 21, 2020

Општина Охрид е најтранспарентна општина во Југозападниот регион

Општина Охрид е најтранспарентна општина во Југозападниот регион на Република Северна Македонија врз основа на Индексот на активна транспарентност на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).По нивото на транспарентност охридската локална самоуправа го зазеде 14 место помеѓу општините, со резултат од 80,3 % остварени позитивни показатели.Од вкупно 98 институции во кои се мерела активна транспарентност, Општина Охрид е рангирана на 20 место на листата на многу добро оценети институции. Ценејќи ја важноста на точната информација, Општинa Охрид и јас како градоначалник ќе продолжаме да…

Јун 21, 2020

Општина Охрид пред Општина Струга по бројот на активни случаи со COVID-19

Во период од 13 до 19 јуни Центарот за јавно здравје Охрид извршил 239 тестирања за присуство на COVID-19, во општина Охрид и Дебрца на 87 лица, во општина Струга и Вевчани на 103 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа на 49 лицa. Од вкупно земените материјали, 118 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 22, Струга и Вевчани 47, Дебар и Центар Жупа 49), а 121 материјал е земен при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар преку системот Мој термин (Охрид и Дебрца 65, Струга и Вевчани 56, Дебар и Центар Жупа 0). Од т…

Јун 21, 2020

Регистрирани 805 прекршоци за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (20/21.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 213 лица им се издадени решенија за изолација, а 299 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и четири лица не ја почитувале мерката за самоизолација. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 805 прекршоци.

Јун 19, 2020

Во Лагадин продолжи акцијата за враќање на плажите во првобитна состојба

Концесионерите на плажите во населбата  Лагадин  вчера добија решенија за отстранување на објектите од плажите за денес.  Утрово повеќето од нив со камиони сами ја острануваа урбаната опрема, лежалки, маси, чадори, столови. Чекаа  да дојде механизацијата , која денеска привршуваше со уривањето на објектите на  плажата Горица Трета. Револтирани, не сакаа да зборуваат пред камера.  Велат  не се сите концесионери  во ист кош, некои граделе по проекти и плаќале концесии до  2018 година, се` додека имале валидни договори. Охриѓани велат  треба да се зачува еколошката  средина на  брегот на Охрид…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top