Општина Охрид е најтранспарентна општина во Југозападниот регион

Општина Охрид е најтранспарентна општина во Југозападниот регион на Република Северна Македонија врз основа на Индексот на активна транспарентност на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

 |   | 

Општина Охрид е најтранспарентна општина во Југозападниот регион на Република Северна Македонија врз основа на Индексот на активна транспарентност на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
По нивото на транспарентност охридската локална самоуправа го зазеде 14 место помеѓу општините, со резултат од 80,3 % остварени позитивни показатели.
Од вкупно 98 институции во кои се мерела активна транспарентност, Општина Охрид е рангирана на 20 место на листата на многу добро оценети институции.

Ценејќи ја важноста на точната информација, Општинa Охрид и јас како градоначалник ќе продолжаме да се подобрувааме во нивото на транспарентност и објавувањето на важни, веродостојни и точни информации за граѓаните и медиумите, истакна на својот Фејсбук профил градоначалникот Константин Георгиески.
Општина Охрид во моментот е опфатена со уште едно мерење на нивото на транспарентност во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество (Civic Engagement Project), со кој се мониторира отвореноста на 17 институции на локалната самоуправа во Република Северна Македонија. Овој проект го имплемемтираат Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со осум локални невладини организации.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top