Јан 5, 2011

Се поопасна пукнатината на зградата наспроти Маларична

Пукнатината која се појавила по изградбата на соседниот објект за домување пред неколку години, сега достигнува околу 10 цм. Раздвојувањето се гледа од внатрешноста на зградата, но и од надвор. Состојбата станува се позастрашувачка за граѓаните кои ги посетуваат канцалариите, но и за луѓето кои работат тука.Тие се плашат при најмал потрес да не дојде до рушење на  зградата. Подот крцка, секојдневно од внатрешниот ѕид се ронат тули и малтер, а низ пукнатината се гледа надвор кон улицата вели претседателот на РК „Св. Апостол Петар“, Радован Димитриески. Вработените кои користат канцаларии во …

Јан 4, 2011

Ма какви казни, дај да запалиме по една

Драконските казни од 100-4.500 евра остануваат, толеранција нема да има за никого, па кој сака нека повели, велат од Одделенијата за инспекциски надзор од Охрид и Струга. Но, изгледа беше потребен само еден месец за во целост да се промени сликата за тоа колку се почитува Законот за забрана од пушење кај нас. Раководителот на Одделението за инспекциски надзор од Охрид, Ѓорги Бошалески вели дека во Охрид само за еден месец се извршени преку 100 надзори и констатирани се голем број на кршења на овој закон. Раководителот Бошалески додава дека контролите се вршат секојдневно и во сите угостител…

Јан 4, 2011

Се китат домовите со бадникови гранчиња

Веќе почнаа да се продаваат на тезгите во градскиот пазар. Луѓето ги купуваат за мир, здравје и среќа на целото семејство.Веќе започна продажбата на бадниковите гранчиња. Тезгите на градскиот пазар се преполни со вакви украсени дрвца. Рајско дрво, дрво на кое бил распнат Исус Христос, со кое бил запален огнот во Витлеемската пештера кога се родил Спасителот и дрво кое ја претставува вечноста. Сето ова се симболи кои ги претставува бадниковото гранче кое во овие празнични денови може да се најде во сечиј дом. Се ближи и денот на Христовото раѓање кое според Јулијанскиот календар е на 7ми Јан…

Јан 4, 2011

Трудот секогаш се исплатува

Веќе трета година по ред од редовите на охридските и струшките едриличарски клубови, излегуваат стипендисти на Агенцијата за млади и спорт. Среќни за постигнатото, но и свесни за поголемата обврска во годината која е пред нив, продолжуваат со едерењето со уште поголема љубов.Учество на голем број меѓународни регати, како дома така и во странство, учество на Младинското светско првенство, учество на Европско првенство, една Балканијада, како и настапи на голем број државни првенства и промотивни регати, е сумата која е потребна за успех. Пртестедателот на Едриличарската федерација на Македон…

Јан 3, 2011

Промоција, промоција и само промоција

2011-та ќе биде година на промоцијата, барем што се однесува до македонскиот туризам. Врз оваа активност, ќе се заснова поголемиот дел од програмата на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот за 2011-та година. Посети на голем број однапред таргетирани саеми како и поинтензивни посети на странски туроператори и новинари кај нас, се она на кое во периодот кој е пред нас ќе работиме, вели директорот н агенцијата Зоран Стрезоски. Што се однесува до посетата на саемите, Стрезоски објаснува дека приоритет се саемите во земјите со кои се остварени чартер летови, како Русија, Холандија и дру…

Јан 3, 2011

Нема спонзори за книгите на Леко Радиќ

Нашиот пливачки тренер Александар Радиќ-Леко е зачуден од незаинтересираноста на локалните моќници. Никој досега не му пристапил да му помогне во издавањето на книгите. Во ситуација кога македонското, а посебно охридското пливање се наоѓа во најлоша можна состојба, се поставува прашањето зошто никој досега не се заинтересирал за издавањето на овие книги. Александар Радиќ-Леко има издадено две книги. Првата од нив ја издал со сопствени средства за која платил 3000 евра, а за втората добил тужба поради неможност да ги подмири долговите спрема издавачите. Тој има веќе подготвено и трета книга,…

Јан 1, 2011

Атмосферата на градскиот плоштад

Многу охриѓани и гости одлучија најлудата ноќ да ја прослават на градскиот плоштад. И покрај скромниот буџет, сепак дочекот на новата година помина спектакуларно  во преубава празнична атмосфера. За  истата да биде повесела и поинтересна се погрижија Аренси бенд, гостинката од Хрватска Антонија Шола и Александар Белов. Точно на полноќ, кога присутните си ги споделија најубавите желби и честитки, охридското небо го осветли прекрасен огномет. Неколку минути пред полноќ, од градскиот плоштад, на граѓаните им се обрати градоначалникот Александар Петрески посакувајќи им се најубаво во новата год…

Јан 1, 2011

Како измина најлудата ноќ

Најлудата ноќ во нашиот град помина без поголеми инциденти. Од општата болница и службата за итна помош информираат дека оваа ноќ изминала без поголеми интервенции и проблеми. Немавме никакви поплаки, регистрирани беа неколку повици на кои веднаш беше реагирано, велат оттаму.Од хируршкото одделение, информираат дека во текот на ноќта биле примени 5-6 лица. Дел од нив со помали повреди, а дел во алкохолизирана состојба. Сепак, потенцираат дека, оваа ноќ била релативно мирна. И од  СВР Охрид со истиот став. Оттаму интервенирано е во два случаи. Портпаролот Стефан Димоски информира дека во два…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top