Сеп 6, 2011

Економската експлоатација на децата-глобален проблем

Децата насекаде низ светот се повеќе се економски експлоатирани, дали од нивните родители, дали од подведувачи. Проблемите со ваквото експлоатирање на оваа ранлива категорија зафаќаат глобални рамки. Омбудсманите за деца од Југо-источна Европа денес се сретнаа во Охрид и разговараа околу заедничките начини на кои може да се надмине овој растечки проблем. Народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети вели дека анализите кои ги спроведува оваа институција покажуваат дека клучна улога во отстранувањето на оваа негативна појава треба да игра превенцијата. „Ако го гледаме системо…

Сеп 6, 2011

Владата пишман аџија за охридската Касарна

Еднаш најавува Охридската касарна да припадне на Локалната самоупрва, за потоа да се премисли. Најновата одлука е просторот да го  додели на Министерството за образование.  Во админситративната зграда на касарната се адаптираат канцаларии за неколку подрачни единици од различни министерства. Од пред неколку денови канацаларијата на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро е иселена од поранешното училиште Св „Климент  Охридски“. Канцаларијата е префрлена во простории на спортскиот комплекс Атина Бојаџи, кратко не информира Дејан Паноски претставик на секретаријатот. Станува…

Сеп 5, 2011

Одбележана двегодишнината од бродската несреќа

Со панихида во чест на жртвите чии животи згаснаа при потонувањето на бродот “Илинден” денеска во Охрид се одбележаа две години од најголемата бродска несреќа на Охридското езеро. Сончевото летно утро и мирното езеро охриѓани и гостите од Бугарија во целот ги потсети на кобниот 5 ти септември 2009 год. кога во Охридското езеро се удавија 15 бугарски туристи. Пред спомен одбележјето на градскиот кеј, свежо цвеќе положија делегации на општина Охрид и амбасада на Р. Бугарија. „ И следните години ние на 5 ти септември ќе доаѓаме тука. Многу сме и благодарни на општина Охрид што го поставија и…

Сеп 5, 2011

Балкански политички форум за обединување на балканските народи

Промовирање на позитивните вредности на меѓусебна соработка, толеранција и општ напредок за сите балкански народи. Политичкиот балкански форум отвори своја канцеларија и во Охрид. Веќе од утре тие најавуваат започнување на многу проекти од најразлични области кои вклучуваат економија, безбедност и едукација. Политичкиот балкански форум конечно доби седиште и во Македонија, поточно во Охрид. Канцеларијата во Охрид ќе биде регионална поддршка и ќе биде претставник за неколку балкански земји меѓу кои, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Реномираната меѓународна организација е формирана в…

Сеп 5, 2011

Македонските и албанските академици потпишаa Меморандум за разбирање за научна соработка

Во куќата на Уранија, денес се сретнаа претседателите на  македонската и албанската академија на науките и уметностите, Ѓорѓи Старделов и Гудар Беќирај. Академиците потпишаа Меморандум за  разбирање за научна соработка кој содржи неколку заеднички проекти. Акцент ставија на  фомирање заеднички Комитет од областа на историјата, лингвистиката, и општествените науки; Заштита на флората и фауната на Охридското Езеро; Формирање на Асоцијација на балкански академии;  Реципроцитет на застапеност при одржување на Денови на македонската или албанската наука и уметности. Претседателот на Ману, Ѓорѓи …

Сеп 3, 2011

Се трупаат проблемите околу земјиштето за елитниот хотел

Се редат реакциите околу спорното земјиште кое државата преку тендер го продаде на најповолниот понудувач, туристичката агенција Фибула Травел. Покрај првичните реакции на сопственикот на градежното претпријатие „Трудбеник“ кој тврди дека има корисничко право на дел од парцелата 1.2 која била предмет на тендерот, сега стигнуваат и нови реакции. Последната од оваа низа реакции ни пристигна од сопственикот на приватната фирма ДООЕЛ „Маредо“, односно сопственикот на картинг патеката кај Билјанини извори. Имено тој вели дека не ја оспорува сопственоста на земјиштето и дека тоа не е негова цел н…

Сеп 3, 2011

Отворени вратите за странските пензионери во охридското здружение

Пензионери повратници од Австралија, Канада и западно европските земји заинтерсирани да членуваат во Здружението на пензионери на општините Охрид Дебрца. Од скоро Здружението направи измени во статутот, по одлуката на Владата, странските пензии  да се примаат и во земјава, вели Ѓорѓи Трпчески, претседателот на ова здружение. Извршниот одбор на здружението донесе одлука сите заинтересирани пензионери повратници од странство да ги прифатат и да ги користат сите бенефиции како и домашните. Нашите пензионери, пак најмногу се заинтересирани за набавка на огревно дрво на рати. Здружението година…

Сеп 3, 2011

Градоначалникот Петрески задоволен од туристичката сезона

Се што планиравме за сезонава која измина реализиравме. Треба да сме задоволни и од гостите кои летуваа во Охрид. По подолг период ги повративме странските туристи. Единствено годинава не одминаа Српските туристи, вели градоначалникот Александар Петрески. „ Голема свежина дадоа и гостите од Финска, од Холандија, традиционалните исто така дојдоа, но не дојдоа гостите од Србија, иако годинава најмногу работевме на Српскиот пазар, се претставивме на сите саеми“, вели градоачлникот Александар Петрески. Градоначалникот признава дека направиле доста истражувања зошто Српските туристи годинава г…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top