• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Македонските и албанските академици потпишаa Меморандум за разбирање за научна соработка

Македонските и албанските академици потпишаa Меморандум за разбирање за научна соработка

Во куќата на Уранија, денес се сретнаа претседателите на  македонската и албанската академија на науките и уметностите, Ѓорѓи Старделов и Гудар Беќирај. Академиците потпишаа Меморандум за  разбирање за научна соработка кој содржи неколку заеднички проекти.

 |  Валентина Нелоска  | 
potpishan memorandum
потпишан меморандум

potpishan memurandomВо куќата на Уранија, денес се сретнаа претседателите на  македонската и албанската академија на науките и уметностите, Ѓорѓи Старделов и Гудар Беќирај. Академиците потпишаа Меморандум за  разбирање за научна соработка кој содржи неколку заеднички проекти. Акцент ставија на  фомирање заеднички Комитет од областа на историјата, лингвистиката, и општествените науки; Заштита на флората и фауната на Охридското Езеро; Формирање на Асоцијација на балкански академии;  Реципроцитет на застапеност при одржување на Денови на македонската или албанската наука и уметности.

Претседателот на Ману, Ѓорѓи Старделов истакна дека политиката има  премногу влијание, а науката е изместена за решавање на клучни прашања.

„Живееме во научно општество во кое науката треба да биде подвижна сила која ќе даде одговор на прашањата за кое нашето време ги нема. Она што го почнуваме денес и што ќе следи во иднина ќе биде реактуелизација на науката во нашето општество и на извесен начин ќе ја помести политиката во расправата за клучните прашања. Политиката треба да се огледа на науката, а не науката на политиката,“ истакна академик  Старделов.

аkademici

Претседателот на Албанската академија на науките и уметностите, Гудар Беќирај оптимист е дека точките од Меморандумот за разбирање за научна соработка ќе дадат импулс во меѓусебната соработка не само на Академиите, туку и на двете држави. До Беќирај беше упатено и прашањето како ја дефинира спорната, повлечена Енциклопедија која требаше да биде издадена од МАНУ. Претседетелот на Албанската академија на науките и уметностите смета дека со формирањето на Комитет за разгледување на заеднички прашања, во иднина ќе се надминуваат сите недоразбирања.

Академик Милан Ѓурчинов пак, на средбата, повика на поодговорно однесување кон рибниот фонд и  подигање на колективната свест за заштитата на Охридското Езеро од двете страни. Беше искажана и неговата загриженоста од преголемата урбанизација на Охрид и маргинализирањето на мислењето на стручните лица и академиците од општествените  процеси.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top