Балкански политички форум за обединување на балканските народи

Промовирање на позитивните вредности на меѓусебна соработка, толеранција и општ напредок за сите балкански народи. Политичкиот балкански форум отвори своја канцеларија и во Охрид. Веќе од утре тие најавуваат започнување на многу проекти од најразлични области кои вклучуваат економија, безбедност и едукација.

 |  Мишел Наумоски  | 
kancelarija
канцеларија

Промовирање на позитивните вредности на меѓусебна соработка, толеранција и општ напредок за сите балкански народи. Политичкиот балкански форум отвори своја канцеларија и во Охрид. Веќе од утре тие најавуваат започнување на многу проекти од најразлични области кои вклучуваат економија, безбедност и едукација.

Политичкиот балкански форум конечно доби седиште и во Македонија, поточно во Охрид. Канцеларијата во Охрид ќе биде регионална поддршка и ќе биде претставник за неколку балкански земји меѓу кои, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Реномираната меѓународна организација е формирана во 2008 година во Солун, соседна Грција и од тогаш па наваму организирано работи на градењето на позитивните вредности на меѓусебна толеранција и соработка во повеќе области.

„Оваа организација е невладина организација која ќе работи за зближување на народите на Балканот, да нема омраза, да нема тероризам туку да има еден живот каков што живеевме пред некое време и да работиме на разработување на економијата во овие земји.“-вели Есад Аслани-Директор на регионален огранок на Балкански политички форум

Присутни на отворањето на регионалната канцеларија беа и претседателот и генералниот секретар на форумот, Директорот на агенцијата за тероризам од Тирана-Албанија како и претставници од општина Охрид.

kancelarija„Ова е една многу благородна идеја, многу благородни пораки пренесува овој форум и како што слушнав ќе ги шири тие пораки, пораки за мир, за заедничко живеење, пораки за напредок, пораки за воспитување на децата на вистинските патишта, и во секој случај ваквите организации ќе ја имаат целосната подршка од советот на општина Охрид.“-рече претседателот на советот на општина Охрид, Душко Јаковчески.

Една од главните цели на Балканскиот политички форум е одржување на стабилноста на регионот и поттикнување на соработката во клучните сегменти, како што се борбата против тероризмот, спречување на каналите на проституција, трговијата со бело робје, трговија со дрога и други заеднички проблеми. Од регионалниот огранок на форумот најавуваат и многу едукативни проекти во кои ќе бидат вклучени учениците од средните училишта.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top