Ное 21, 2011

Одложен судскиот порцес за глисерската несреќа поради скршеница

Уште едно одлагање на главниот претрес од судското рочиште за глисерската несреќа. И на за денес закажаниот главен претрес, не се појави провообвинетиот Кристијан Шапкар. Адвокатот Надица Димитрова, која од неодамна ја презеде одбраната на Шапкар, го информира судот дека причина за отсуството е скршеница на десната рака на првообвинетиот и закажаниот оперативен зафат. Инаку според информациите на адвокатот на провообвинетиот, хируршкиот зафат ќе се изврши во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, од страна на Доктор Љубомир Богоевски.Инаку на денешниот …

Ное 19, 2011

Охрид продолжува да ја полни црната хроника

Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичните дела „Предизвикување општа опасност„ и „Неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (21) од населбата Велгошти. Денес рано наутро, во 04 часот и 55 минути, пријавениот, пред ноќниот клуб „Наполеон„ неовластено пукал од огнено оружје-ловна пушка марка „ Црвена застава„ сопственост на неговиот татко, која ја поседувал со соодветна дозвола. На пукањето со огненото оружје, му претходела вербална расправија и нарушување на јавниот ред и мир помеѓу А…

Ное 19, 2011

Ракотворбите од бабиното ковчеџе стигнаа и до младите

Тајните на вештата охридска жена, нејзиното прекрасно везење, шиење на народни носии и плетење допреа до младите. „Ракотворбите од бабиното ковчеџе“ е насловот на проектот кој веќе четири месеци се спроведува во соработка со општина Охрид, односно секторот за туризам и локален економски развој. Денешната работилница со наслов „Вредните бабини раце“ беше наменета за младите средношколки кои покажаа голем интерес да ги научат овие вештини. Ги запрашавме кои вештини кај нив пробудиле интерес и зошто е важно нивното изучување.„Уште како мала ја гледав баба ми како умешно везе и плете и сето тоа…

Ное 19, 2011

Граѓаните ја прашуваат Локалната самоуправа

За 4 години од кога започна да се применува Законот за слободен пристап до информации постојано има тенденција на зголемување на користење на ова право од страна на граѓаните. Тие најчесто на адреса на Локалната самоуправа упатувале прашања од областа на урбанизмот, комуналните дејности и  финасиите на општината, вели Васил Ложанкоски од Локалната самоуправа. „Годинава граѓаните се интерсирале кога и како е донесен Деталниот урбанистички план, кој се начините за донесување, кои улици ќе се асфалтираат и колку чини тоа, кој изведувал градежни работи, како се трошат општинските буџетски средс…

Ное 19, 2011

Се краде, ама со усул

Сеуште постои нелегална сеча на дрва во Н.П. „Галичица“. Последниве години многу се работеше на подобрување на состојбата во паркот. Се изградија неколку објекти од суштинско значење, паркот се обележа со информативни табли, се обележаа патеки за разни рекреативни активности , вели првиот чекор на оваа установа Зоран Ангелоски. Тој додава дека меѓу другото активно работат и на преземање соодветни законски мерки за сузбивање на неколкуте негативни појави кои се регистрираат во паркот, како што е тоа незаконската сеча на дрва и лов.Санкциите за сторителите на нелегалната сеча на дрва во рамки…

Ное 18, 2011

„Систина Офталмологија“, во хумана мисија за превенција на здравјето на очите

„Од сите права, најголемо е човековото право на вид“. „Систина Офталмологија“ ја породолжува својата хумана мисија за зачувување на здравјето на очите. Денес во просториите на О.О на „Црвениот крст“ за само неколку часа, беа направени околу 350 прегледи на очен притисок, и тоа не само кај пациенти кои страдаат од ова заболување, туку и кај лица кои сакаа да ја проверат здравствената состојба. Интересот на Охриѓани ги надмина сите очекувања.Систина Офталмологија како прв хируршки центар во земјава отворен пред 1,5 година, успеа за кратко време да  ја постигне целта и да ја оправда довербата …

Ное 18, 2011

Занаетчиите ќе избираат претседател на Комората

Охридските занаетчии се пред важна одлука. Треба да изберат нов претседател на Регионалната занаетчиска комора. Голем дел од нив сметаат дека поранешното претседателство било крајно пасивно и не ги остварило нивните очекувања и потреби. За десеттина дена треба да донесат одлука кого ќе го изберат од двајцата кандидати. На местото од досегашниот претседател Велјан Филчески  на избор чекаат занаетчиите  чевларот Сашо Богоески и козметичарката Сузана Наумоска. Занаетчиите  од разни профили треба да одлучат кој од нив двајца ќе ја добие довербата за поактивно да  ги застапуваат нивните интереси…

Ное 18, 2011

Официјално промовиран зборникот на училишни проекти

Зборникот со наслов „Осигурување на квалитет“ ја доживеа и својата официјална промоција. Во него објавени најуспешните училишни проекти од целата држава. На денешната промоција покрај авторите на оваа идеја, Јелица и Атанас Николовски присутни беа и просветни работници од повеќе градови од Македонија.Книгата во која беа синтетизирани најуспешните училишни проекти од училиштата од Македонија доби и официјална презентација. Зборникот насловен како „Осигурување на квалитет“ успеа на едно место да собере просветни работници од Кичево, Ресен, Охрид, Струга, Гостивар. Промоцијата ја отворија најм…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top