Години наназад Локалната самоуправа и граѓаните на Охрид, бараат патниот правец од Трпејца до Отешево, преку планината Галичица да биде отворен за сообраќај, бидејќи станува збор за висококвалитетно туристичко место и една од ретките уредени излетнички локации за уживање и одмор во зима, велат од Општина Охрид. Оттаму уште на почетокот на годинава беше најавуван и еден голем проект за изградбата на жичарница од Корита до врвот на Галичица кој требаше на планината Галичица да го донесе и првиот зимски рекреативен центар во Охрид.„Ставот на Локалната и понатаму останува не променет, се инсис…
„Немам таква бројка затоа што заклучно до 2011 година субвенциите се во надлежност на Министерството за економија, а во ингеренции на Агенцијата ќе бидат од 2012 година. Генерално, информиран сум вели Трајков , дека е зголемен бројот на странските туристи што се должи на дадените субвенции“. За тоа каква ќе биде понатамошната судбина на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот, дали нејзиното седиште ќе биде и понатака во Струга или ќе се сели во Скопје, Трајков кажа дека не знае. Истакна дека тој не одлучувам што ќе се случува со Агенцијата. „Јас не сум на позиција да одлучувам, как…
Членовите на клубот за подводни активности „Охрид“ и нуркачкиот центар „Амфора“ во Заливот на коските кај Градиште, во Охридското Езеро, традиционално, една недела пред Новата Година ја накитија подводната елка. Спектаклот кој е традиционален и покрај студената вода, не само што не изостана, туку во него се вклучија и најмладите нуркачи кои за прв пат присуствуваа на овој несекојдневен настан.„Искуството е прекрасно и многу ми се допадна и сигурно ќе бидам тука и другите години кога ќе се кити елката. Заедно ја споделуваме радоста за со леснотии да ни помине годината без грижи и со среќа“, …
Утре ќе се одржи 42 седница на Советот на општина Охрид. Дневниот ред составен од 44 точки ветува сериозна дискусија. Најзвучна и веројатно најважна точка на дневниот ред е предлог буџетот на општината за 2012 година. Оваа точка е редовно извор на несогласувања помеѓу советниците, па останува да видиме за што е планирано да се трошат општинските пари. Сепак, буџетот не е единствената интересна точка на дневниот ред. Тука се и неколкуте точки за програмите за работа на јавните претпријатија од градов. Иако изгледаат неатрактивно, сепак работењето на охридските јавни претпријатија изминатава …
Македонскиот полициски синдикат го одржа годишното собрание на Централниот совет. На средбата присуствуваше и Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. На собранието беше направена рекапитулација на сработеното во измината година. Се усогласуваа ставовите помеѓу синдикатот и Министерството околу условите за работа на полициските службеници, како и можноста за утврдување на посебни правила при нивното пензионирање.„Ги фокусиравме таргетите односно точките кои што ќе бидат од клучен интерес во 2012 година и нормално споделивме и одредени визии за понатамошното работење. Фокусот н…
Во Музејот Куќата на Робевци е поместена најновата изложба на Анастас Ќушкоски која е насловена како „Вертикали и Премини“. Ова е второ навраќање на авторот на тема старата архитектура. Низ различен ракурс Ќушкоски ги прикажал разните форми на вертикалите и премините. Преку нив ја допрев душата на Охрид и Струга, вели авторот. „Вертикалата беше мој предизвик, преку неа ја гледам симболиката на светлината како потраг по неа, Бога и бескрајот. Таа вертикала за да го најде својот пат мора да мине низ преминот. Тогаш таа станува жива и духовна и таа ме преукупира и успеав да ги откријам ти…
Новото раководство на Регионалната занаетчиска комора во иднина ќе се залага за поголема организираност и активност со цел унапредување и развој на занаетчиството во општина Охрид, ова беше кажано на синоќешниот прв состанок на новиот состав на регионалната занаетчиска комора. Поголемиот дел од седницата помина во разгледување на работата на Комората во изминативе 4 – 5 години, при што беше констатирано дека минатото раковоство направило многу пропусти во работењето на комората, изминатите години. Претседателот на комората Богоески на состанокот ги извести членовите на Управниот одбор и со…
Езерската полиција исклучително активна во изминатава година. Со бројка од 1440 запленети рибарски мрежи, 355 килограми на разни видови на риба, 82 жили и 388 блинкери причини и за задоволство, но и сериозна загриженост. Осумте покренати кривични пријави се чини не се доволно. Секоја наредна година повторно и повторно се случуваат кражби на рибниот фонд и оштетување на ендемските видови. Ако се пресмета километражата на запленетите мрежи неколкукратно би се обиколило Охридското езеро, а успешните заплени се чини не го даваат посакуваниот ефект.„Во континуитет се соочуваме јас би рекла со не…