Јан 9, 2012

Охридските хотели полни за Новогодишните празници, гости се очекуваат и за Водици

Од хотел Белведере исто така се задоволни од посетеноста на гостите за време на Новогодишните празници. Со тридневниот аранжман  нивниот  капацитет  бил 100 посто исполнет со гости од соседните земји и од земјава. Во хотел Силекс исполнетоста на капицетот со гости бил 100 посто и тоа од Црна Гора, Србија, Бугарија, Албанија и гости од земјава. Зголемен број на гости очекуваат и за престојните празници Василица и Водици.Гранит пак, бил исполнет со 60 посто од својот капацитет  со гости од соседството, но и со посетители од Полска. Хотелиерите,  се задоволни од посетеноста за време на празниц…

Јан 9, 2012

Финиширани подготовките за Курајчкиот карневал

Курајчкиот карневал може да започне.  На неколку денови пред празникот, Здружението Св. Василиј од Куратица го одржа последниот состанок на кој беа финиширани сите детали за карневалот. Претседателот на здружението Горан Ангелоски вели дека биле определување на групите, како што се  зетот и невестата, бајачот но и сите останати традиционални главни маски. „ Карневалот е комплетно подготвен. Започнуваме на 13 јануари во 17 часот со палењето на традиционалниот оган во 18 часот на сред село се одигруваат неколку ора во 19 часот групата тргнува низ селото со посета на неколку домови. Околу 11 ч…

Јан 6, 2012

Ненајавени но добредојдени гости

Независниот советник Љупчо Настоски во домот на Симона Јовеска. Ова е мал гест на хуманост за Божиќните празници, вели Настоски. Тој откако го видел прилогот на нашата телвизија за состојбата на малата Мона која има само четири години а сеуште не ја има почуствувано светлината на денот, чекал соодветна прилика за да и укаже мало внимание на неа и на нејзиното семејство. Настоски вели дека досега многу помагал на сиромашни семејства, но овој пат, пред малата Мона, емоциите го совладале и неможе да опише какво е чуството. Мајката на малата Мона и овој пат не дочека со солзи во очите. Таа е мн…

Јан 5, 2012

Не еден концесионер туку по еден за секое езеро

Низа реакции по вчерашната изјава на раководителот на одд. за рибарство и аквакултура при Хидробилошкиот институт, Зоран Списковски, кој објави дека владата донела одлука трите природни езера и  двете акумулации Шпиље и Тиквеш ќе ги земе еден концесионер. „Врз основа на дебата која се разви од околу еден час и се донесе одлука дека треба да има само еден концесионер и народски кажано еден стопан кој што ќе се грижи за сите работи кој ќе се грижи пред се за заштитата, а потоа и за искористивањето на рибниот фонд.“ – вчера истакна Зоран Спирковски.На оваа изјава на Спирковски, први реагираа о…

Јан 5, 2012

„Спортски повреди“ е првата стручна литература издадена на оваа тема во Македонија

Идејата за оваа книга потекнува уште од моите специјалистички студии на медицинскиот факултет во Скопје кога специјализирав спортска медицина. Уште тогаш барајќи литературата потребна за завршниот специјалистички испит се соочив со проблем да не можам да најдам литература на македонски јазик, по што морав да преведувам од англиски, француски, бугарски, српски“, вели авторот на книгата специјалист по спортска медидицина при здравствен дом Струга и раководител на регионалниот центар за спортска медицина за општините Дебар, Охрид и Струга, Оливер Бојчески.„ Да се пишува книга воопшто не е лесн…

Јан 4, 2012

Владата одлучи, еден концесионер за трите природни езера

Со рибниот фонд на трите природни езера, ќе управува еден концесионер. Оваа одлука владата на Р Македонија ја донесе на последната седница на 27 декември. На средбата присуствуваше и претставник на Хидробиолошкиот институт кој ги изработи риболовните основи врз основа на кои ќе бидат издавани концесиите за стопански и рекреативен риболов. „На таа седница кога се дискутираше по однос на  проблемот на давање на концесиите на овие три природни езера и двете акумулации Шпиље и Тивеш беше донесена одлука врз основа на дебата која се разви од околу еден час и се донесе одлука дека треба да има са…

Јан 4, 2012

Хуманитерен календар – подарок за охриѓани од Гоце Мојсоски

Охриѓанецот Гоце Мојсоски кој на светскиот избор за  мистер на убавина, го претставуваше Охрид и Македонија, подготви Новогодишно изненадување за охриѓани. Побликува хуманитарен календар, со што ја покажа својата хуманост на дело. Идејата ми беше да допринесам во собирање на средства, а со тоа да им помогнам на луѓето за празнициве да си поминат убаво, вели Мојсоски.„Решив да донирам 100 тина календари во Црвен крст кои подоцна ќе можат да си ги продаваат, а собраните пари да ги оскористат за хуманитарни цели. Цената за календарот ќе си ја одреди Црвениот крст , како и средствата кои ќе ги …

Јан 4, 2012

ССМ загрижен за скратувањето на синдикалните права

Намалувањата на синдикалните права се повеќе ги загрижува работниците. Затоа ССМ пред Владата веќе достави повеќе предлози и мислења околу Предлог измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.  Станува збор за предлози кои се во интерес на работниците, а  кои очекуваме  да бидат прифатени годинава, вели претседателот на Општинската организација, Драган Цветаноски. Тој истакнува дека преку нивната оргнизација барале да се стопира донесувањето на измените, да не се ставаат во Собраниска процедура  додека не се постигне договор помеѓу социјалните партнери. Сега, …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top