Финиширани подготовките за Курајчкиот карневал

Курајчкиот карневал може да започне.  На неколку денови пред празникот, Здружението Св. Василиј од Куратица го одржа последниот состанок на кој беа финиширани сите детали за карневалот. Претседателот на здружението Горан Ангелоски вели дека биле определување на групите, како што се  зетот и невестата, бајачот но и сите останати традиционални главни маски.

 |  Татјана Маленкова  | 
kurajcki karneval
kurajcki karneval

Курајчкиот карневал може да започне.  На неколку денови пред празникот, Здружението Св. Василиј од Куратица го одржа последниот состанок на кој беа финиширани сите детали за карневалот. Претседателот на здружението Горан Ангелоски вели дека биле определување на групите, како што се  зетот и невестата, бајачот но и сите останати традиционални главни маски.

„ Карневалот е комплетно подготвен. Започнуваме на 13 јануари во 17 часот со палењето на традиционалниот оган во 18 часот на сред село се одигруваат неколку ора во 19 часот групата тргнува низ селото со посета на неколку домови. Околу 11 часот следниот ден започнува централната манифестација на кога ќе настапат групата  „Маестрал“ и Елена Велевска, а после следува дефилето кога ќе бидат прогласена најдобрите детски и воздрасни маски“, вели претседател на здружение Св Василиј – Куратица, Горан Ангелоски.

kurajcki karnevalОрганизаторот најавува дека за Василица обезбедени се 1000 литри вино, 400 литри ракија. Планирано е карневалот да треа 2 часа, а за околу полноќ планиран е и богат огномет.
Годинава за разлика од лани зголемен е и фондот на награди за најуспешните маски, што е потик  за повеќето посетители да се маскираат и  да бидат што покреативни во своите маски.

„ Наградите гледаме секогаш да бидат во склад со буџетот, но гледаме да небидат помали во однос на минатата година. Нема опасност ова атрадиција да не се одржи или пак да биде послабо организрана. Ги очекуваме гостите околу 3 и пол 4 илјади гости … Ќе се забавуваме два дена и две ноќи горе во Куратица“, вели Горан Мицкоски, член на здружение на граѓани Св Василј.

Од Здружението Св. Василиј велат дека и годинава очекуваат над 3000 посетители во Куратица за престојниот карневал. Тие велат дека од денеска започнале и активности за расчистување на снегот кој деновиве наврна над 20 тина сантиметри и кој ќе допринесе за поубав фестивалски амбиент.

Организаторот на карневалот упатува и отворена покана до сите да бидат гости во Куратица на 13 и 14 јануари, но при тоа упатува и молба до присутните да ги почитуваат наредбите на редарската служба со што би се исбегнале несакани последици.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top