Не еден концесионер туку по еден за секое езеро

Низа реакции по вчерашната изјава на раководителот на одд. за рибарство и аквакултура при Хидробилошкиот институт, Зоран Списковски, кој објави дека владата донела одлука трите природни езера и  двете акумулации Шпиље и Тиквеш ќе ги земе еден концесионер.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ohridsko ezero
Ohridsko ezero

Ohridsko ezeroНиза реакции по вчерашната изјава на раководителот на одд. за рибарство и аквакултура при Хидробилошкиот институт, Зоран Списковски, кој објави дека владата донела одлука трите природни езера и  двете акумулации Шпиље и Тиквеш ќе ги земе еден концесионер.

„Врз основа на дебата која се разви од околу еден час и се донесе одлука дека треба да има само еден концесионер и народски кажано еден стопан кој што ќе се грижи за сите работи кој ќе се грижи пред се за заштитата, а потоа и за искористивањето на рибниот фонд.“ – вчера истакна Зоран Спирковски.

На оваа изјава на Спирковски, први реагираа од министертвото за земјоделство, шумартсво и водостопанство на нивната официјалната web станица. Во дел од реакцијата се вели, цитирам:
МЗШВ во целост ги демантира тврдењата изнесени во медиумите  дека трите природни езера и Дебарското  Езеро на кое е дозволено вршење на стопански и рекреативен риболов, ќе бидат дадени на еден концесионер. Станува збор за погрешно пренесена изјава  која не ја отсликува вистината.
Во демантот уште е појаснето дека Комисијата за доделување на концесии, ќе ги разгледа сите доставени понуди поодделно, при што за најповолните ќе даде предлог на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, односно на Владата на Република Македонија да донесе одлука за давање под концесија за секое од езерата поодделно.

Со своја реакција денеска се огласија и од одделението за Дримскиот Басен :

Во дописот кој го испратиДејан Паносвки се вели:
Неодговорно е да се дезинформира околу Заклучоци кои ги донела Владата. Со тоа се губи кредибилитетот и довербата кон научната Институција во целост. Ние кои посебно работиме на билатерално и меѓународно управување со нашите водни басени каков што е Дримскиот Басен и неговите подсливови Охридско и Преспанско езеро ,секогаш  нашите одлуки,програми,активности ги базираме врз довербата во научните наоди кои ги имаме , но таа доверба на ваков начин само може да се изгуби.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top