Јан 14, 2012

Изградбата на затворениот базен започнува во септември

Изградбата на 25 метарскиот базен кој агенцијата за млади и спорт ќе го гради во Охрид ќе започне во месец септември. Ова го најави директорот на агенцијата за млади спорт, Лазе Поповски на неговата последна посета на Охрид и Струга.Изградбата на затворен базен во Охрид беше најавена на седницата на влада на 17 ноември, кога уште беше и прецизирано дека базените ќе се градат согласно стандардите на ФИНА и ќе бидат соодветни за ватерполо и пливање. „ Најпрво е донесена одлука за базените во Крушево и Охрид и тоа е најверојтно месец септември месец, се разбира ако бидат завршени сите работи ш…

Јан 14, 2012

За Водици пријавени 1000 млади луѓе кои ќе скокаат по крстот

Се е подготвено Охрид да ја  празнува големата црковна манифестација Водици, истакнуваат од Здружението на граѓани Богојавление. Во текот на изминатите 10 години од кога тие се соорганизатори на прославувањето на овој голем  христијански празник, со кој се слави крштевањето на Исус Христoс во реката Јордан, манифестацијата станува се помасовна. Голем број на гости се очекуваат од земјава и од странство, најавуваат од здружението. Така, на 19 јануари во 10 часот во водите на езерото ќе скокаат 1000 млади луѓе, а со фрлањето на крстот ќе чиноначалствува владиката Тимотеј. Меѓу пријавените ско…

Јан 14, 2012

Службите за издавање биометриски документи ќе работат и во сабота

Наделжните во охридската полиција потсетуваат на крајниот рок за замена на личините карти кој истекува на 27 февруари, така што најголем број граѓани има токму во редиците за замена на тој вид документи, иако има и граѓани кои имаат намера да ги заменат сите останати документи, независно што рокот за нивна замена истекува на есен.Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски изјави дека поради зголемиот број барања за замена на старите документи за идентификација со нови, службите каде се врши издавање нови и замена на старите документи од наредниот викенд ќе работат и во сабота, односно во текот…

Јан 13, 2012

Ем петок 13-ти, ем Василица под маски

Василица е празник кој меѓу народот често е причина за полемики бидејќи на едно место се споени и паганските ритуали и православните обреди. Сепак, православната црква поучува да се обрне поголемо внимание на чествувањето на големиот чудотворец свети Василиј.„За жал денес иако сме 2000 години по раѓањето на Христа сеуште имаме пагански традиции кои немаат никаква врска со светото Православие. Секој оној кој се труди да живее уреден православен живот се отргнува од самите оние пагански обичаи, карневали, ставање маски што е спротивно на учењето на светото православие. “Маскирањето за Василиц…

Јан 13, 2012

Детската градинка „Јасна Ристеска“ ќе се проширува

Завршена е тендерската постапка за доградба на објектот на централната детска градинка „Јасна Ристеска“. Избран е и  изведувачот, па проширувањето на објектот ќе стартутва годинава со подобрување на временските услови. За оваа намена Локалната самоуправа има издвоено 9 милиони денари. Со овие средства, а според потребите на градинката, од просторни услови  ќе бидат изградени три нови занимални во источното и западното крило на градинката, три санитарни јазли и трпезарија. Серафим Наумоски од Локалната самоуправа информира дека се планирани и  промени на дограмата, како во централниот објект…

Јан 12, 2012

Гасне празничното осветлување во градов

Охридските паркови во централното градско подрачје, од вечерва под мрак. Синоќешното уништување на новогодишните реквизити во градските паркови од страна на засега непознати сторители, ги изнервира одговорните во ЈП. Затоа директорот Сашо Алче одлучи предвреме да ги собере останатите реквизити кои куртулија од рацете на натрапниците. Нанесена ни е голема материјална штета во износ од околу 2000 евра и 70% од новогодишните реквизити се уништени“, вели Алче.За овој чин веднаш биле известени надлежните служби на СВР, Охрид. Од ЈП очекуваат расветлување за овој немил настан, кој според Алче доб…

Јан 12, 2012

Во Охрид ќе светнат нови штедливи улични светилки

„Заради застарената инфраструктура застарените технолошки сијалици кои што трошат премногу струја во едни вакви услови и ако веќе има на пазарот и технолошки поквалитетни, поштедливи сијалици кои што заради сепак нашата проекција некаде е околу 2.000.000 евра би била таа инвестиција и ако може да се најде во една ваква форма партнер кој што би влегол во еден ваков аранжман да направи замена, се работи за некаде 8 до 8500 илјади сијалици на ниво на цела територија и си го најде интересот, нормално и локалната си го најде интересот, тогаш зошто да трошиме свои средства.“-додава Трпчески.Докол…

Јан 12, 2012

Дали ќе испилива МЈП „Проаква“?

Сега, надеж за спас на МЈП „Проаква“, влева шпанската фирма „Аквалија“. Според најавите на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој неодамна заедно со охридскиот градоначалник Александар Петрески остварија работна посета во Шпанија, индиции за влез на оваа фирма во ЈП постојат.Во условите за јавно приватно партнерство се дефинирани и останати критериуми кои треба да ги запази хипотетичкиот победник на тендерот. Интересот на Проаква, функционирањето и јавниот сервис према граѓаните на Охрид и Струга, согласно законските регулативи никој нема мандат да го смени и да презема дејствија спротивн…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top