Во Охрид ќе светнат нови штедливи улични светилки

Ефикасни ЛЕД сијалици за заштеда во јавното осветлување. Општина Охрид ќе се приклучи на групата градови кои веќе ги осветлуваат своите улици со оваа технологија. Со јавен повик кој е веќе објавен на општинската веб страна, ќе се бара партнер кој ќе ни ги одржува светилките, но ќе ги осветли и улиците кои досега биле завиени во мрак.

 |  Мишел Наумоски  | 
javno osvetluvanje
јавно осветлување

„Заради застарената инфраструктура застарените технолошки сијалици кои што трошат премногу струја во едни вакви услови и ако веќе има на пазарот и технолошки поквалитетни, поштедливи сијалици кои што заради сепак нашата проекција некаде е околу 2.000.000 евра би била таа инвестиција и ако може да се најде во една ваква форма партнер кој што би влегол во еден ваков аранжман да направи замена, се работи за некаде 8 до 8500 илјади сијалици на ниво на цела територија и си го најде интересот, нормално и локалната си го најде интересот, тогаш зошто да трошиме свои средства.“-додава Трпчески.

Доколку во периодот во кој трае договорот се случи партнерот да затаи во изршувањето на своите задачи, Трпчески вели дека локалната е таа која ќе ги држи конците. „Се работи за јавна услуга, за јавен сервис и најважно во цела ситуација е тие критични моменти кои што би се случиле во теоретска варијанта и практично, да немаме застој во давањето на услугата према граѓаните. Значи локалната повторно ќе е мандаторот кој што ќе има мониторинг на целата ситуација, ќе се формира и заеднички надзорен орган кој што ќе го следи квалитетното извршување на конкретната услуга и за целото време на партнерскиот однос ќе биде присутна во однос на услугите кои што ќе ги дава приватниот партнер.“ Останува само да видиме која ќе биде фирмата која ќе го сервисира Охридското осветлување, но и ќе ги осветли улиците кои досега биле обвиени во мрак.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top