За Водици пријавени 1000 млади луѓе кои ќе скокаат по крстот

Се е подготвено Охрид да ја  празнува големата црковна манифестација Водици, истакнуваат од Здружението на граѓани Богојавление.

 |  Валентина Нелоска  | 
Vodici
Водици

Се е подготвено Охрид да ја  празнува големата црковна манифестација Водици, истакнуваат од Здружението на граѓани Богојавление. Во текот на изминатите 10 години од кога тие се соорганизатори на прославувањето на овој голем  христијански празник, со кој се слави крштевањето на Исус Христoс во реката Јордан, манифестацијата станува се помасовна.

fresco

Голем број на гости се очекуваат од земјава и од странство, најавуваат од здружението. Така, на 19 јануари во 10 часот во водите на езерото ќе скокаат 1000 млади луѓе, а со фрлањето на крстот ќе чиноначалствува владиката Тимотеј. Меѓу пријавените скокачи по крстот има и еден Украинец, открива претседателот на „Богојавление“, Димитар Пендов.
Пендов„Апелирам до сите кои ќе скокаат тој ден да се придружуваат на редот за да се елеминираат сите негативни коментари дека е наместено или дека се протежира некој да го фати крстот. Се надевам дека годинава чесно и витешки ќе се борат и најсреќниот и највештиот ќе ја има честа да го фати светиот крст“, нагласува Пендов.
За празнување на Денот на рибарите исто така се направени сите подготовки. Оваа манифестација се префрла на градското пристаниште, затоа што просторот на Сараиште веќе е станат  претесен, вели Пендов. Набавени се 1 тон  плашици, 2 тони вино и ракија.
„Казанот во кој ќе се подготвува рибната чорба е веќе поставен. Учениците од угостителското училиште се ангажирани за нејзината подготовка, а 300 кг риба за  чорбата донираа  старите кумови браќата Лотевци“.    
Црковната манифестација Водици добива силна финансиска поддршка од многу поединици, од Локалната самоуправа, од  угостителите и хотелиерите, нагласува Пендов. На Водици ќе се одржи и голем музички хепенинг на кој ќе настапи и светски познатиот тенор Борис Трајанов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top