Јан 25, 2012

„Градоначалникот Петрески, работи против интересите на граѓаните на Охрид“ обвинуваат од O.K. на ВМРО-ДПМНЕ

„Суров напад на Градоначалникот Александар Петрески врз домашните буџети на Охриѓани,“ обвинуваат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Атанаско Михаилов истакна дека Петрески преку Проаква, а со предлог на Советот, сака да изврши зголемување на цената на водата во Охрид дури за 20%. „Неуспехот на водењето на Проаква, отпуштањето на работниците,хавариите во системот, сакаат да ги покријат со удар по џебот на граѓаните од 20%.Охрид и досега плаќаше една од најскапите  цени за вода по кубик, а со ова зголемување тоа ќе биде и убедливо највисока цена. Причини, неспособноста на менаџментот на Ј…

Јан 24, 2012

Раката на законот кратка за сограѓаните со лепливи прсти

Крадењето е секојдневие во Охрид. Нема да кажеме ништо ново со информацијата  дека кражбите се зачестена појава во градов. Се краде насекаде, во становите, во куќите, во институциите, во продавниците, во хотелско угостителските капацитети, како и во добро обезбедени објекти. Сограѓани,  внимавајте добро, па дури и кога сте на работното место. Крадците не бираат место и начин како да дојдат до својот плен. На записите од видео надзорот, регистрирани во два наврати во нашава телевизија за краток временски период, повеќе од јасно се гледа се. Проблематичната Џемиле позната е и во Центарот за С…

Јан 24, 2012

Државата сеуште без тендер за концесија на Охридското езеро

Владата сеуште нема објавено тендер за концесија, иако донесе ваква одлука пред еден месец. По седум години мораториум на Охридското езеро, ова е решението за да се зачува  рибниот фонд од понатамошно нелегално  ловење. Со одлуката е предвидено електронското лицитирање за концесијата да го организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за информатичко општество. Почетната цена на лицитацијата за првата година ќе биде 10 посто од вредноста на дозволената количина за риболов или околу 1 милион денари. Според  Законските прописи, покрај домашни правни …

Јан 24, 2012

Прва седница на советот на општината во 2012 година

Охридските советници во петок ќе ги засукаат ракавите. Дневниот ред иако сиромашен, точките кои се најдоа таму се од исклучително значење за Охриѓани. Свое место таму како што беше ветено пронајде и контроверзната точка за изменување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот за гробарина. На 27-ми Јануари со почеток во 10 часот ќе ја одржат првата седница во новата година. Четириесет и третата седница на Советот на општина Охрид нема да биде опширна како претходните бидејќи на неа се најдоа само десет предлог одлуки. Иако сиромашна со точки, сепак не и неинтересна по содржина. Е…

Јан 24, 2012

Историските архиви – база на националниот идентитет на една држава

Создавањето на документите и нивното чување во архивите е многу значајна постапка, тесно поврзана со секојдневните потреби на човекот. Документите се тука да докажат дека некој настан се случил, да докажат дека нешто е наше или дека нешто било отуѓено од нас. Есенцијалниот дел од наследството на една држава пак, уште од 1976 годинс според УНЕСКО се Државните архиви. Државниот архив го документира историскиот, економскиот и политичкиот живот на една држава, а е и нејзина база за националниот идентитет. Илинка Јанева – раководителот на подрачното одделение на Државниот архив во Охрид, вели де…

Јан 23, 2012

Студот кој го зафати Охрид предизвика дефекти во водоводниот систем

Студениот бран кој ја зафати Македонија, предизвика проблеми во одржување на водоводниот систем. Од ЈП Нискоградба велат дека најмногу проблеми имало во водоводниот систем во зградите бидејќи истите не биле соодветно изолирани. За да не дојде до дефекти и пукање на водоводни цевки, посебно во зградите кои не се постојано населени, ЈП Ниско Градба изврши исклучување на водоснабдување во истите.  „Го затвараме шиберот на улица, а потоа екипите од Р.Е „Проаква“ интеренираат во промена на водомери или пак го санираат дефектот во самата зграда“, вели директорот на ЈП Ниско градба, Владо Цветкоск…

Јан 23, 2012

Доцни мрестот на охридската пастрмка

Традиционалниот вештачки мрест на охридската пастрмка доцни два дена. Од хидробилошкиот институт се подготвени за мрестот, само велат ја чекаат дозволата од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Со дозволата ќе може да влезат во водите на Охридското Езеро, за да почнат со лов на овој ендемичен вид риба, со цел да соберат  икра за вештачко оплодување. Одговор зошто се доцни со мрестот побаравме од ресорното министерство.Портпаролот на Министерството за земјоделство,  шумарство и водостопанство, Тања Михајловска  информира дека за ден-два ќе почне мрестот. Нагласува,  проб…

Јан 23, 2012

Наскоро ќе се аплицира за „Купи куќа, купи стан“

Аплицирањето за владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ започнува за неколку дена, односно до крајот на овој месец. Изборот за добивање на кредитите ќе го вршат осум комерцијални банки, а првите договори за финансирање на станбените кредити се очекува да бидат потпишани до крајот на Март оваа година. Владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ наскоро започнува со реализација. Оваа социјална мерка преку која ќе се субвенционираат станбени кредити, на заинтересираните граѓани им нуди две опции. Едната опција е да добијат 50% субвенционирано учество кое ќе почнат да го враќаат по 20 години кое из…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top