Фев 4, 2012

НВО „Младински центар“ протестираше пред општата болница

Ни неверојатно лошите временски услови не ги спречи приврзаниците на НВО „Младински центар“ да протестираат пред општата болница во Охрид. „Во септември 2010 год. се сруши највиталниот дел од општата болница, со што околу 60 илјади граѓани останаа без гинекологија. Хирургија, анестезиологија, урологија и одделението за уво, нос и грло. Ветија за 6, потоа за 12, па за 16 месеци дека ќе ја завршат реконструкцијата на болницата, но сведоци сме дека работите не се поместени од почената точка и не гледаме решение за овој значеаен проблем подолго време. Неодговорноста на надлежните од централната…

Фев 4, 2012

Протест на здружението „Христо Узунов“

Денес пред општинската зградата во Охрид, по иницијатива на Здружението на граѓани „Христо Узунов“ се одржа протест. Мотивирани од најновите поскапувања на водата и комуналните услуги во градот, како и од се погласните коментари за можно продавање на МЈП „Проаква“, тие го кренаа својот глас против Локалната самоуправа и го вперија прстот во неа како главен генератор на сите тие проблеми. Ристески на протестот ги искажа и своите барања кон Локалната, поточно порача, под итно да се стопираат сите преговори со странските инвеститори, бидејќи се задира во најскапоценото национално богатство, во…

Фев 3, 2012

Наместо да ги поддржи протестите ОК на ВМРО-ДПМНЕ неаргументирано го напаѓа градоначалникот

Во реакцијата од кабинетот на градоначалникот во врска пресот на Ок на ВМРО-ДПМНЕ стои : Наместо да ги поддржи утрешните граѓански  протести против уништувањето на охридското јавно здравство , ОК на ВМРО- ДПМНЕ продолжува да го дефокусира вниманието на јавноста и неаргументирано да го напаѓа градоначалникот Александар Петрески.Во врска со МЈП „ Проаква“ го посетуваме  ОК на ВМРО- ДПМНЕ и нивниот претседател Атанаско Михаилов, дека неколкупати досега информиравме дека претпријатието нема да се продава. Што се однесува пак до зголемувањето на цената на водата Михаилов знае дека , одлуката за …

Фев 3, 2012

Младитие го подигнаа гласот за охридското здравство

Прво па машко. Во Охрид никна нова невладина организација, „Младински центар Охрид“. Тие го кренаа гласот против сите оние фактори, кои според нив, допринесоа за да се уништи охридското здравство. Членовите на Младински центар Охрид, поради нивната загриженост за состојбите во здравството најавија мирен граѓански протест пред Општа болница во Охрид, утре во 5 минути до 12 часот.„Поради нечија негрижа, неразумност и неодговорност, Охрид повеќе од 15 месеци е оставен без елементарна здравствена заштита. Во септември 2010 година се сруши највителниот дел на Општата болница, со што околу 60 илј…

Фев 3, 2012

Нова лавина обвинувања кон Петрески

Напад на семејниот буџет. Ова е сублимиран израз на претседателот на ОК ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, во врска низата поскапувања на комуналните услуги и водата во градов. И се тоа како вина го препиша на самоволието на градоначалникот Александар Петрески. Според Михаилов, Петрески прави очајнички напори да ја дефокусира јавноста во Охрид од кашата која ја готви и кој се токми да го сокрие скандалозното продавање на Проаква.Михаилов потенцира дека тие очекуваат интензивирање на работите околу реконструкцијата на болницата и дека чекањето и неизвесноста ќе им се исплати бидејќи ќе добијат…

Фев 3, 2012

Субвенциите за in coming туризмот привлечни за странските агенции

Во Министерството за економија, минатата година, биле поднесени 200 барања за исплата на субвенции на туристичките агенции кои донесле  странски туристи во земјава.  На туристичките агенции по овој основ им биле исплатени околу 700.000 евра, вели раководителот на секторот за туризам при Министерството  за економија Зоран Николоски. Од бројот на пристигнати апликации останале не реализрани 50- тина барања кои ќе бидат дополнително разгледани. Барањата за субвенциите биле  од странските тур оператори Корендор од Холандија, Чедок од Чешка, Финската -Оур Маткат, Туј од Белгија, а од домашните т…

Фев 3, 2012

Се запали куќа на улица 7-ми Ноември

„Јас излегов на врата слушам некој вика на врата, излегов и комшивката вика. Велам што викаш: ми вели Марика куќава гори, велам како бре, излегувам надвор гледам од прозорциве горе пламен, отидов со трчање го викнав сопругот, тука сме ние во комшии, дојде сопругот, ги извади осигурачите, викнавме пожарна, пожарната одма дојде што е вистина, за пет минути дојдоа, јас се качив горе, да тргнам нешто некои подароци нови од внуками, ама не, беше страшно.“-вели Марика Ристеска-очевидец.По интервенцијата на противпожарните служби, пожарот бил изгаснат. За среќа причинета е само материјална штета.{…

Фев 3, 2012

Граѓаните незадоволни од проодноста на oхридските улици

Нова снежна покривка го затрупа вчера сработеното. Петнаесетина сантиметри снег им отворија дополнителна работа на надлежните служби. Низ целата држава се работи на расчистување на патните правци. Од Македонија пат добивме информации дека  со исклучок на забраната за тешки моторни возила која важи за патот Маврово-Дебар, превоите Пресека и Ѓавато, како и патот Струга-Ќафасан, воглавно сообраќајниците, се проодни. Сообраќајот се одвива во зимски услови, по коловози со кашест снег. Од Центарот за управување со кризи велат: Во општина Струга сите патни правци што се во надлежност на Македонија…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top