Министерството за економија одвои 1,2 милиони денари за македонските занаетчии. Станува збор за доделување грантови во вредност до пет илјади евра за занаетчиите и тоа за набавка на опрема, алати и репроматеријали, како и за стручно оспособување и организрање на просторот. Овие средства се доделуваат во најголема мерка за зачувување на старите традиционални занаети, вели Сашо Богоески – претседател на Регионална занаетчиска комора.„Ќе помогне доста затоа што има занаетчии со постари средства за работа или алати по 30,40, 50 години стари алати. Така средства до 5000 евра за самовработување б…
Од Општа болница информираат дека инсулин има доволно за сите пацинети. Снабдувањето се одвива без проблеми. Објаснуваат дека одредени пациенти тешко ги прифаќаат трајните инсулински пенкала наместо досегашните за еднократна употреба.Во моментов во Центарот за дијабет се воведува новина. Пацинтите се префрлаат на примена на трајни инсулински пенкала за кои има инсулински патрони. Старите еднократни пенкала веќе не се произведуваат и се воведуваат нови велат интернистите. Со овие пенкала ќе има заштеда на средствата за оваа намена имајќи ги во предвид обидите на министерството за здравство …
Студеното време повеќе од било кога го извлече на површина прашањето за бездомните лица во државава. Во Охрид, досега евидентирани три случаи на бездомници кои делумно имаат своја разрешница. Во првиот случај станува збор за семејство на кое му било посочено како да аплицира за добивање на владините социјални станови, по која апликација, ова семејство веќе не спаѓа во категоријата на бездомни лица, а оствариле и право на социјална парична помош. Во другиот случај, Центарот за социјални работи му помогнало на едно лице да ја комплетира документацијата за остварување на право на постојана пар…
Традиционално и годинава О.У. „Григор Прличев“, го одбележа својот патрон. Во рамките на одбележувањето преку низа активности, учениците, како и целокупниот наставен кадар, добро се покажаа пред охридската јавност, синоќа во Центарот за култура. Најмладите со нетрпение чекаа да се претстават. Полни со емоции, а пред се максимално концентрирани за настап, кажаа дека чест е да се биде учесник во програмата за одбележувањето.Основците преку својот настап низ музика, игра, песна, рецитал и други точки го потврдија својот талент. Исто така воодушеви и настапот на учениците од Словенија кои беа с…
Медицинските сестри со завршена висока медицинска школа се жалат дека охридската општа болница не им ги признава дипломите. Нагласуваат дека во систематизацијата на работни места го нема нивниот профил. Ова го потврдува и директорот на болницата д- р Љубен Арнаудов, кој појаснува дека тоа е став на болничкиот Управен одбор. Донесена е одлука да не се плаќа високото образование се додека не се промени систематизацијата на работни места, вели д-р Арнаудов.„Во болницата по систематизацијата се плаќа работното место, а не според образованието. Сестрите кои на работните месат се примени со ср…
Пред бистата на големиот поет и преродбеник во дворот на училиштето, беше положен ловоров венец, а беа прочитани и првонаградените литературни творби од конкурсот на тема „Охрид, моја гордост, моја инспирација“. Ликот и делото на Прличев, најголема инспирација за младите поетеси.„Моја инспирација беше Григор Прличев, кој е човек што и покрај сите грчки плукања тој успеал да стане втор Хомер и тоа мене ми беше многу голема инспирација за да напишам песна, ми требаа два дена и јас со голема желба ја напишав таа песна“, велат Мартина Целеска и Марија Мисоска.Во чест на патронатот, беше постав…
Низа свечености во чест на Великанот на нашата литература – Григор Прличев. 5 ти и 6 ти февруари охриѓани ги одбележуваат „Прличевите Беседи“. За Григор Прличев денеска во името на Друштвто на писателите на Македонија, писателот и општествен деец Видое Видически одржа пригодна реч во која истакна дека големите луѓе се раѓаат, живеат и творат во исклучително тешки времиња. „Нашата преродба немаше да се оствари со таков интензитет без присуството на Григор Прличев, а нашата култура ќе беше посиромашна без достоинствата што ги создадоа „Сердарот“ и Скендербег, додаде Видически.Во Спомен куќата…
Дури и временските услови ја сакаат Македонија. Додека во соседните држави владее вонредна состојба поради екстремните температури и високи снежни покривки, кај нас релативно мирно. Само на некои патни правци сообраќајот се одвива отежнато или има забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Во Охрид, температурите и натаму се движат во рамки на нормалата. Снег ќе паѓа и во текот на утрешниот ден, но се очекува најниската температура да се движи околу 4тиот степен под нулата. Пониски температури, но и поголеми снежни покривки засега само на повисоките места.„На некои повисоки места, снежна…