За сите љубители на стенд уп комедијата, овој петок со почеток од 20 часот во Народен театар Охрид ќе се одржи Предновогодишна Импровокација.
Традиционално последната ИМПРОВОКАЦИЈА во календарската година не може да помине без награди од нашите пријатели: Зебра Продукција, Џез ИН, Шила, JJ Advеntures и Bro’s Burger Station – велат организаторите на настанот.
Карти во предпродажба по цена од 250 денари, а на денот на шоуто ќе чинат 300 денари. Резервации на карти на телефонскиот број 075/283-066.
За земјоделските и овошните култури добредојдени се снегот и температурата под нула степени во ова време од годината. Мразот може да ги подгори градинарските култури кои се одгледуваат на отворено, како што се спанаќот, марулата и кромидот, но нема да претрпат трајни оштетувања, укажува охридскиот агроном Мирослав Трајчески. Ниските температури нема да имаат негативно влијание и врз земјоделските култури и овошките.
Во глобала е сеуште право време за ниските температури. Тоа е добро за да се одложи за подоцна почетокот на вегетацијата на растенијата. Штетата од мраз е повеќе опасна во пр…
Специјалисти педијатри од скопската Клиника ќе работат на детското одделение во Охрид, најави министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Охрид.
Распоредот на ротација ќе се направи откако ќе се изгласа измената на Законот за здравствена заштита кој ќе им овозможи на специјалистите од сите здравствени установи да може да работат низ целата држава.
Оваа најава следува откако пред повеќе од еден месец, поради недостиг на педијатри детското одделение во Охрид работи само како амбуланта од 08 до 20ч. Итните случаи од Охрид за време на ноќта и викенди се препраќаат во Струга.
…
Сертификатите за прележан ковид 19 наместо досегашните 45 дена да траат 180 дена од датумот на позитивен ПСР тест. Исто така направена е анализа на сите случаи на хоспитализации и смрт во периодот од 1-31.01.2022 година.
Во периодот 1-31.01.2022, анализата покажува дека во анализираниот период само шест лица кои примиле трета доза вакцина, завршиле со смртен исход и тоа сите смртни случаи имале коморбидитети, како карцином, дијабет и кардиоваскуларни заболувања обезност – истакна д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.
За целосно вакцинирани се сметаат лицата кои пр…
Готвачи и шефови на кујна се најдефицитарен кадар во охридско-струшкиот регион. Пандемијата, затворањето и рестрикциите дополнително го продлабочија проблемот. Готварството во светот е ценета и добро платена професија, но во земјава сеуште го нема заслуженото место, па затоа и не ги привлекува младите.
Голем дел од овој стручен кадар во потрага по подобар живот заминаа во странство.
Како што почна кризата се поголем и поголем е тој недостаток има доста наши колеги кои не можеа да го издржат овј притисок и преминаа во други области некои заминаа надвор – вели Влатко Горгиески шеф готвач….
Одлични резултати на охридските бреинобреин генијалци на 7-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 29-ти јануари 2022 година. Во конкуренција од 23 илјади учесници од 72 земји, учениците од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид освоија 8 трофеи, 14 златни медаљи и 33 сребрени медаљи.
И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на несебичната и професионална посве…
Од почетокот на оваа година до денес охридските пожарникари имале приближно ист број интервенции на пожари споредено со истиот период од минатата година. Изгаснале 21 пожар во првите дваесет дена, од кои единаесет биле на опожарени оџаци, а во десет наврати реализирале технички интервенции, информира Борко Јанкулоски, командир на Територијалната противпожарна единица од Охрид. Покрај неичистените оџаци, потенцијална опасност за пожар се почесто стануваат продолжните кабли со несоодветна јачина, предупредуваат пожарникарите.
Во зимскиот период најчести причини за појава на пожари се димни…
Ковид пациентите од модуларната болница се преселија повторно на Инфективното одделение. Петнаесеттина пациенти инфицирани од вирусот, од кои 11 се на кислородна поддршка, се лекуваат на ова одделение. Д-р Горан Балески, директорот на охридската Општа болница информира дека има две причини за преместување на болните, една е појава на кондензација на вода во внатрешноста на модуларнта, а втората е намалување на бројот на пациенти кои се на болничко лекување од ковид 19.
Имаме по 10 до 15 прегледи во текот на 24 часа и одлучено е да се префрлат пациентите на инфективно. Колку што можевме р…