8 трофеи, 14 златни и 33 сребрени медаљи за охридските Бреинобреин генијалци

Одлични резултати на охридските бреинобреин генијалци на 7-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 29-ти јануари 2022 година. Во конкуренција од 23 илјади учесници од 72 земји, учениците од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид освоија 8 трофеи, 14 златни медаљи и 33 сребрени медаљи.

 |   | 

И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на несебичната и професионална посветеност на тренерите и на поддршката од родителите. Поттикнати од овој успех продолжуваме со имплементација на Бреинобреин програмата фокусирани на подобрување на излезните развојни резултати кај децата и градење поттикнувачки амбиент за учење преку градење мотивација и позитивен пристап кон учењето кој им помага на децата да развијат вештини, знаења, компетенции, самодоверба и чувство на социјална одговорност – велат од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top