Поетско – литературна средба со творештвото на авторката Оливера Јовановска од Мелбурн – Австралија.
Попрецизно, во Охрид во Прличевата одаја промоторите – поетесата и познатата поранешна спикерка на МРТВ Лилјана Стоилковска и м-р Милчо Јованоски, директор на охридската Библиотека ќе ги промовираат книгите: „Неостварена љубов“ , „Магични љубовни зборови“ , „Лавиринт на вистината“ и „Одмрзнати чувства“ од авторката Јовановска, потенцираат од Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
Четирите книги ( три поетски и еден роман) се во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прли…
Општина Дебрца известува дека рокот за пријавување на материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината на ден 28.05.2022, наместо 14.06.2022 година ќе биде продолжен до, заклучно со 17.06.2022 (петок) .
Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.
Покрај барањето секој барател треба да достави:
копие од лична карта со изјава за користење на личните податоци пот…
Македонските земјоделци и овоштари се загрижени за извозот на годинешниот род. Стравуваат за пласманот на производите и пазарите каде ќе завршат нивните труд и мака по затворање на традиционалните пазари на Исток по воениот конфликт во Украина.
Посебно се загрижени по воведувањето на меѓусебните санкции на нашата земја и Руската Федерација. Вообичаено, во овој период од годината, се договара пласманот на производите, а производителите се исправени пред голема неизвесност, напоменува охридскиот овоштар Ванчо Стојаноски. Земјоделците и овоштарите упатуваат апел до Владата да издејствува плас…
Факултетот за туризам и угостителство-Охрид и Граѓанската организација “Инклузија” Ве покануваат да присуствувате на обуката за млади менаџери.
Преку оваа обука може да се стекнете со ново знаење и современи бизнис вештини кои ќе бидат од голема помош за вашиот постојан или вашиот иден бизнис, со цел поуспешна работа, поголем профит и опстојување на пазарот во време на економски кризи. Учесниците ќе имаат можност да се стекнат со вештини на 6 теми од 6 предавачи. Сите учесници кои ќе присуствуваат на целиот серијал обуки, ќе се здобијат со сертификат – велат од ФТУ.
Сите заин…
Наскоро пајак службата преминува во надлежност на ЈП „Билјанини извори“. Ова Јавно претпријатие стопанисува со паркинг просторот во Охрид, но не и со пајак службата. За да се обавува дејноста е направена измена и дополнување на Статутот на ЈП, а советниците дадоа зелено светло. Преговаравме со менаџментот на ЈП „Охридски Комуналец“ да ни ја отстапи дејноста, информира Теодор Андоноски, директор на ЈП „Билјанини извори“.
Секаде во земјава дејноста пајак служба ја вршат претпријатијата кои што стопанисуваат со јавниот паркинг. Во договор сме со ЈП „Охридски Комуналец“ да се откаже од таа дејн…
Активности за асфалтирање на дел од Булеварот „Македонски Просветители“ се одвиваа денеска. Се асфалтираше делот кој беше опфатен во првата фаза од реконструкцијата на Булеварот.
По целосното завршување на овој дел, активностите продолжуваат на делот опфатен во втората фаза од реконструкцијата на Булеварот „Македонски Просветители“.
Инаку, согласно проектот предвидено е комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас. Изведувач на градежните зафати е АД „Илинден“.
Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид ја спроведува континуирано, посветено и совесно.
Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град.
Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи.Честитајќи им го 17 март, Денот на крводар…
Подводна мартовска еко авантура низ камерата на Никола Паскали.
Охридско Езеро плажа Сарајште, Стар Град. Температура на вода 7° / 8°С . Природата почнува да се буди. Повторно ќе се разбуди во отпад. Ја загадивме водата што ја пиеме, храната станува отровна, воздухот загаден – вели Никола Паскали од НК „Акватек“.
Видеото може да го погледнете на следниот линк
https://www.youtube.com/watch?v=xXEooHbSJ1k