Авг 20, 2021

Граѓаните оставени без лични карти најавуваат протести

Пописот и изборите ќе бидат најкритични за 40-те илјади граѓани кои останаа без лични карти поради тоа што тоа што предвреме е сменет интерниот систем на министерството со новото уставно име додека во Собранието се блокирани измените на Законот за лични карти. На овие граѓани им се закнува можноста дури и да бидат избришани од Избирачкиот список, предупредува Народниот правобранител. Зибери се сомнева дека предлогот на избори да се оди со истечени документи може законски да се изведе. Граѓаните проблем ќе имаат и кога ќе имаат работа пред нотар, извршител, суд , јавен обвинител, други д…

Авг 19, 2021

Српските туристи искористија 84.000 картички за бесплатна патарина

Околу 84.000 бесплатни електронски картички за плаќање патарина искористиле српските туристи што транзитираа низ државава на патот кон Грција. Нивната вредност изнесувала околу 1,2 милиони денари. На 15 август се заокружија двата месеца, кога на граничниот премин Табановце српските туристи добиваа бесплатни М смарт-картички за да ги преминат патарините низ нашата држава по коридорот 10, како благодарност за отстапените бесплатни вакцини и вакцинација на нашите граѓани во Србија. Во мај годинава Владата одлучи за српските возила што транзитираат низ Македонија во периодот од 15 јуни до 1…

Авг 19, 2021

Значително зголемен интересот за вакцинација

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 624.819 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.925 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.955 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани. Со последните бројки 68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 66% од н…

Авг 18, 2021

Околу 1000 новодијагностицирани со Ковид-19 денеска

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека и денеска има околу 1000 новодијагностицирани случаи со Ковид-19. Тој рече дека после месец дена сите кои прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат без оглед на начинот на кој се лекувани. За организација на сите настани и на отворено и на затворено, посочи, потребно е да се приложи сертификат за примена најмалку една вакцина или доказ дека болеста е прележана за што има временски период од 45 дена без разлика дали во објектот има под 30 или над 30 посетители. Потенцира дека единствено ако во угостителскиот објект или на настанот има над 3…

Авг 17, 2021

Последен ден од продолжениот рок за пријавување за реонски попишувачи и инструктори

Јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите завршува денеска. Конкурсот беше отворен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но беше продолжен до 12 август и потоа уште еднаш до 17 август. Државниот завод за статистика ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следните линкови: www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.mk Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошт…

Авг 17, 2021

Евакуирани повеќето од македонските државјани во Авганистан

Повеќето од евидентираните 75 македонските државјани се евакуирани од Авганистан, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Со воени авиони педестина граѓани на Македонија се префрлени од Кабул во Доха и во Абу Даби, од каде со редовни цивилни летови треба да се вратат во земјава. Во Кабул се уште 14 македонски државјани од кои 11 денеска ќе бидат трансферирани на аеродромот за да бидат евакуирани во текот на денов, а тројца се изјасниле дека остануваат во Авганистан и подоцна ќе ја напуштат земјата.

Авг 16, 2021

Од утре нови мерки за влез и излез од Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека на утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести разговарале за воведување дополнителна мерка – за влез и за излез од нашата земја за сите граѓани, наши државјани или странци, да биде барана потврда за примена вакцина, негативен ПЦР-тест или доказ дека ја прележале болеста. За оваа мерка утре дополнително ќе се дискутира и на седница на Влада. Утре ќе се разговара како за мерката, така и за времето, за тајмингот кога ќе биде тоа имплементирано, имајќи предвид дека многу граѓани сега се надвор од земјава – изјави ми…

Авг 14, 2021

Околу 600 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за пожарите

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 13.08.2021 до 07.00 часот денеска (14.08.2021), во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 590 полициски службеници, вклучувајќи ги и припадниците на сите специјални единици на полицијата, реализирани 216 мото-патроли и користени 159 моторни возила. Во изминатото деноноќие поднесена е една кривична пријава од СВР Охрид-ОВР Дебар до Основното јавно обвинителство Дебар, во врска со пожар настанат на 08.08.2021 година, во с.Бомово, дебарско, против Б.М.(60) …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top