Јул 5, 2021

Горивата поскапуваат од полноќ

Од полноќ, нови, повисоки цени на бензините, дизелот ќе се точи по стара цена. Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 како и  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поскапат за половина денар, додека цената на Еуродизел (Д-Е V) нема да се промени. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,567 ден/кг. Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 71,50 денар/литар Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 73,50 денари/литар Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 63 денари/литар Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќи…

Јул 5, 2021

УЕФА го тргна терминот „северномакедонец“ и го замени со „Македонец“

По реакциите на Канал 5 и македонската јавност и претставката од македонското МНР, УЕФА од официјалниот сајт го тргна терминот „Северномакедонец“ и го замени со „Македонец“ во графата за националност на претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски. За да се промени терминот„Северномакедонец“ од МНР веднаш испратија реакција до Европската куќа на фудбалот. Од МНР вчера соопштија дека постојано водат сметка за точната употреба на името на државата, државјанството, и етничката припадност на граѓаните на Македонија. -Како што сме реагирале соодветно до сите меѓун…

Јул 5, 2021

Македонец загина во сообраќајна несреќа на Халкидики

Македонски државјанин загинал во сообраќајна несреќа на локалниот пат Муданиа-Палиоури на првиот крак на Халкидики, јави МИА. Од засега непознати причини се превртел автомобилот со македонски регистарски таблици. Од грчката полиција соопштија дека околу 6.20 часот во неделата на локалниот пат меѓу Муданиа и Палиоури на Халкидики се превртел автомобилот со кој управувал 22-годишен странски државјанин и загинал возачот, а неговиот 21-годишен сопатник, исто така странски државјанин е повреден. Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за државјани на Македонија, а авт…

Јул 5, 2021

Филипче: Ситуацијата е мирна, нема нови рестриктивни мерки

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека ситуацијата е многу мирна, нема ниту еден знак дека е можно да има влошување на епидемиолошката слика и повеќе денови по ред нема притисок по болниците. „Нема пријавување, нема наплив на пациенти ниту во амбулантите, што ни укажува и потврдува дека ситуацијата е прилично мирна. Ја пратиме ситуацијата и во околните земји. Насекаде во регионот е мирно. И во Србија и во Албанија. Ги следиме и земјите каде нашите граѓани заминуваат за летните одмори. Има лесно зголемување на бројката на позитивни случаи во Грција, но сметам дека тоа не …

Фев 9, 2022

Полициските „тигри“ со хеликоптер евакуираа изнемоштено лице од Галичник

Припадниците на специјалната единица на полицијата „Тигар“, во соработка со Хеликоптерската единица при МВР спасија изнемоштено лице од Галичник. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), по упатен повик до Центарот за управување со кризи (ЦУК) за евакуација на болно изнемоштено лице, жител на село Галичник, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Хеликоптерската единица на МВР бргу се подготвиле и ја почнале мисијата. Имено, во периодот од 7 до 10 часот денеска е евакуиран жителот на Галичник, кој поради снежните навеви на патиштата кон селото, не можел да биде…

Јул 2, 2021

Хрватска денес ни донира 10 000 дози „Астра Зенека“

Во рамки на принципот за солидарност на Еу, Хрватска денеска ни донира 10.000 дози од вакцината ,,Астра зенека“. Кога сме кај донациите и Русија за наредната недела најави дистрибуција на 10.000 вакцини ,,Спутник“. Во пресрет на донациите, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вакцините се безбедни и дека без одобрение на Агенцијата за лекови ниту еден лек нема да биде пуштен во промет. -Граѓаните треба да бидат спокојни. Ние аплицираме со соодветната документација која што е потребна и за увоз на лекот, а таа стигнува и пред да стигнат вакцините во Агенцијата за лекови , та…

Јул 1, 2021

ИНТЕГРА ОБЈАВИ ПРОГЛАС ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Интегра – Македонската конзевативна партија ги повикува македонците да застанат рамо до рамо сплотени во заедничката борба да ја сочуваме татковината Македонија и да останеме „свои на своето“ во неа. Македонија, нашата единствена татковина се наоѓа во сериозна опасност за своето постоење. Екстремизмите однадвор и одвнатре сакаат да ни ја обезличат татковината, сакаат да не снема во неа, да не избришат како Македонци, да ни го одземат националниот идентитет, националната гордост и достоинство, нашата света македонска чест. Тие сакаат Македонија да постои без нас, без македонскиот јазик д…

Јун 29, 2021

АМСМ: Поради минирање, во четврток од 12:00 до 15:00 часот краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на делницата Пресека-село Врбјани, во четврток, на 1. јули 2021 година ќе има прекин во сообраќајот од 15-20 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. 
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top