Јун 7, 2021

Повеќе од 900 македонци викендов се вакцинираа во Врање

За време на викендот, во Врање против коронавирус се вакцинирале 927 Македонци, објави РТС. Според најавите на српските медиуми, вакцинирањето трае и денеска. Македонските државјани може да се вакцинираат без закажување, само со пасош или лична карта, информираат српските медиуми. На нашите државјани на располагање им се вакцините на „Фајзер“ и „Синофарм“. Според српските здравствени власти, досега во Србија се вакцинирани околу 15.000 македонски граѓани. Најголем број од оние кои се вакцинираа во април ја примија вакцината на „Астра зенека“.

Јун 4, 2021

Врнежите добредојдени за есенската пченица и јачменот

Врнежите што ја зафатија земјава претходните денови позитивно ќе влијаат врз земјоделските култури, особено на есенската пченица која беше и најзагрозена поради недостиг на влага во површинскиот почвен слој. Според агрометеоролозите, временската промена му годи и на есенскиот јачмен кој е во понапредни фази, а има и почеток на восочна зрелост. Умерените температури од 17 до 26 степени се оптимални за сите видови на култури, како за посевите така и за овошките и виновата лоза, каде недостатокот на влага не се чувствува во овој момент. -Ова е период на завршено оплодување кај пченицата и п…

Јун 3, 2021

Од утре стартува директна авиолинија Скопје-Москва

Отворањето на новата авиолинија официјално ќе го одбележат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак кои по пристигнувањето на првиот лет од Москва на Меѓународниот аеродром Скопје ќе дадат изјави за медиумите. Воспоставувањето на директната линија Скопје – Москва првично беше најавено за 21 мај 2021, но „Нордвинд“ го одложи поради, како што соопшти, епидемиолошката состојба. Новата линија ја поздрави и директорот на ТАВ Македонија, Батак. -Во ТАВ Македонија сме многу среќни…

Јун 3, 2021

Грција ќе испрати 20 000 дози вакцини за Македонија

Во координација со Европската Комисија, Грција ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија, потврди портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина. -Грција, во координација со Европската Комисија, како што прават повеќето европски земји за нивните директни соседи, ќе им понуди вакцини на соседните земји, 20.000 дози за Македонија и 20.000 дози за Албанија, рече Пелони. Во однос на тоа кога би можеле да пристигнат вакцините, портпаролката на грчката Влада објасни дека…

Јун 2, 2021

Македонец уапсен во Турција

Турските медиуми пишуваат дека живеел како бегалец во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), а бил приведен при обид да замине за Египет преку Турција.Медиумите потсетуваат дека на социјалните мрежи често споделувал објави со Пекер, како и дека има повеќепати правел влез-излез од Турција. Двајцата, според новинските извештаи, често се среќавале и во Македонија.Името на Седат Пекер се споменуваше во аферата „Мафија“ што ја отвори ВМРО-ДПМНЕ, а власта спроведе акција под кодно име „Двојник“. Случајот се однесува на злоупотреба на идентитети за издавањето нелегални македонски пасоши на странски др…

Јун 2, 2021

Кризната состојба ќе продолжи до 31-ви декември?!

Владата предложи кризната состојба што беше воведена во месец декемрви, а завршува на 30-ти јуни, да биде продолжена до крај на годината.На вчерашната седница усвоен е записникот од тринаесеттата седница на Управувачкиот комитет за за координација и управување во системот за управување со кризи за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територија на цела држава и му предложи на Собранието продолжување на рокот за кризната состојба до 31-ви декември 2021 година. Како причина за продолжување е наведeно заштита на јавното здравје во усл…

Јун 2, 2021

Најмалку шест лица уапсени во полициска акција за криумчарење на мигранти

Најмалку шест лица се уапсени во големата акција за апсење криумчари на мигранти, што ја спроведува полицијата. Во акцијата, како што велат извори од истрагата, разбиена е организирана група. Акцијата за разбивање на група на криумчари на мигранти се спроведува во Скопје, Штип, Велес, и Валандово.Според изворите од истрагата кај криумчарите е пронајдена и дрога. Од МВР потврдуваат дека во тек е акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

Јун 1, 2021

Поштенска марка во чест на македонските фудбалери

На промоцијата, генералниот директор Јани Макрадули порача дека со оваа поштенска марка сакаат да се заблагодарат на репрезентатиците за успехот и радоста што ја приредија на сите нас. – Марката е со номинална вредност од 181 денар и изработена во 6.000 примероци. Поради ковид мерките, иако бевме договорени, денеска, за жал со нас не се селекторот и играчите – изјави Макрадули. Ова е скромен придонес од нас за сите фудбалски репрезентативци, посочи Макрадули и им посака успех на првенството. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, порача дека нашите фудбалски херои го …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top