Јул 15, 2021

Нови 26 случаи на коронавирус во Македонија, нема починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.866 тестирања, а регистрирани се 26 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 13 , Тетово – 5, Гостивар – 3, Кичево – 2 и Куманово, Прилеп и Штип – по 1. Регистрирани сe 8 оздравени пациенти од: Струмица – 3, Куманово и Тетово – по 2 и Скопје – 1. Не се регистрирани починати пациенти. Направени се 2.866 тестови преку: ИЈЗ-83, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-39, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–14, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0,…

Јул 15, 2021

Собранието денеска ќе гласа за намалување на ДДВ за струјата

Но, и пратениците да дадат зелено светло, на граѓаните во изминативе 15 дена, како што соопштија од ЕВН, ќе им се пресметува повисока цена на струја за 12,3 проценти и 18 проценти ДДВ во зависност од тоа кога се читаат броилата за потрошена електрична енергија. Од 1 јули важи повисоката цена на струјата од 12,3 проценти која ја одобри Регулаторна. Тоа значи дека од почетокот на месецов до датумот кога Законот ќе стапи на сила граѓаните ќе плаќаат повисока цена за киловат час и 18 проценти ДДВ. Џафери изјави дека ако пратениците брзо го донесат Законот веднаш ќе го прати кај претседателот С…

Јул 14, 2021

Забранета љубов била причината за трагедијата во Штип

Дваесет и пет годишното момче вчера на локалитетот „Баргала”, а утринава и неговата 21 годишна девојка од селото Аргулица. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека утринава во 9.20 часот полицијата добила повик од Итната медицинска помош за пронајдено женско тело во семејна плевна во селото Аргулица. Извршен е увид на местото, а јавен обвинител наредил и обдукција на починатата девојка. Мештаните во селото Аргулица се во шок, велат дека ова што се случи е двојна трагедија, за девојката потенцираат дека била мирна и вредна, а постојано им помагала доколку им била потребна…

Јул 13, 2021

Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до 12 февруари 2024

Собраниската Законодавно-правна комисија денеска на седница ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање. Како што стои во образложението на предлог-текстот, донесувањето на законот ќе имплицира ревидирање на подзаконскиот акт со кој се уредува образецот на барањето за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање на личната карта, образецот на личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот на водење евиденција за издадените лични карти, во насока на нивно усоглас…

Мар 3, 2022

ГуливЕр ќе лета двапати неделно од Софија до Скопје и назад

Обновени се летовите на редовната авионска линија Софија- Скопје- Софија. Првиот лет на бугарската авиокомпанија ГуливЕр ќе биде на 26 март 2022 година. Авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација двапати неделно, во сабота и во понеделник. Обновувањето на летовите меѓу Бугарија и Северна Македонија е важен чекор за подобрување на транспортната поврзаност меѓу двете земји. Оваа заложба беше преземена од бугарската влада и веќе е реализирана благодарение на нашето добро партнерство со мојот македонски колега Благој Бочварски, коментира министерот Николај Шабев, цитиран од неговиот п…

Јул 12, 2021

Бензините поскапуваат од полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар/литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат и остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.07.2021 година. Од 13.7.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар)Дизе…

Јул 12, 2021

И вакцинацијата на деца ќе биде со закажување

За вакцинација на децата во Македонија ќе мора да се закажува термин. Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека закажувањето на терминот, односно пријавувањето ќе трае од денеска до четврток на сајтот vakcinacija.mk. -Ова се прави поради подобра организација, од една виала „Фајзер“ се даваат шест дози вакцини односно се вакцинираат шест лица. За да не дојде до отворање на вакцината и само на пример две апликации да се извршат, го правиме ова. По пријавување на децата, ќе се добие термин за нивна вакцинација, објасни Филипче.

Јул 8, 2021

Од утре дожд и грмежи, невреме за време на викендот

Утре кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови ќе има и поинтензивни процеси, некаде во форма на невреме со појава на град и засилен ветер. Температурата за викендот ќе биде пониска за неколку степени. 
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top