Собранието денеска ќе гласа за намалување на ДДВ за струјата

Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека денеска во 13 часот ќе ја продолжи 45-тата седницата на која треба да се донесе Законот со кој ДДВ-то за електрична енергија треба да се намали од 18 на 5 проценти кој беше предложен по скратена постапка.

 |   | 

Но, и пратениците да дадат зелено светло, на граѓаните во изминативе 15 дена, како што соопштија од ЕВН, ќе им се пресметува повисока цена на струја за 12,3 проценти и 18 проценти ДДВ во зависност од тоа кога се читаат броилата за потрошена електрична енергија.

Од 1 јули важи повисоката цена на струјата од 12,3 проценти која ја одобри Регулаторна. Тоа значи дека од почетокот на месецов до датумот кога Законот ќе стапи на сила граѓаните ќе плаќаат повисока цена за киловат час и 18 проценти ДДВ. Џафери изјави дека ако пратениците брзо го донесат Законот веднаш ќе го прати кај претседателот Стево Пендаровски да го потпише Указот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top