Авг 7, 2021

Климатолозите со црни предвидувања за Балканот

Климатските промени во нашиот регион ќе предизвикаат уште повисоки температури, суши, поплави, но и спротивни екстреми, предупредуваат климатолозите. Многу делови од светот се борат со катастрофални пожари во последните недели, а Балканот е меѓу оние кои се најтешко погодени. Огнот уништи огромни области во Турција и Грција, додека пожарите, во помала мера, беснеат и во Македонија, Косово, БиХ и Хрватска. Причината е јасна – земјите од регионот ова лето бележат многу високи температури, а во некои од нив се регистрирани најголеми горештини досега. Во Грција се измерени 46,3 Целзиусови сте…

Авг 7, 2021

ПРЕКРАСНА ВЕСТ: Собрани 50.000 долари за малиот Јаков

Мисијата да се соберат 50.000 долари за малиот Јаков, која ја покрена Австралијанецот, со македонски корени Џим Ристевски, успешна за нецела недела. Јаков со родителите веќе е сместен во турската болница и ја започна својата битка со болеста. Овој пат, парите ги собравме за една недела, со навистина лесен напор. Сторијата ги стопи срцата на луѓето. Најголемиот дел од средствата ги собрав од семејството, пријателите и бизнис партнерите во Австралија. Секогаш лично донирам голем дел. Сакам да се заблагодарам на сите македонско-австралиски фан страни на социјалната мрежа Фејсбук, за нивно…

Авг 7, 2021

Филипче и Комисијата бараат мерки за Тетовскиот Регион

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до ГККШ на Владата да предложат нови мерки за овој регион, како би се спречило рапидното ширење на вирусот Ковид 19. Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на в…

Авг 6, 2021

Повлечени сладоледи од македонскиот пазар поради присуство на Етилен оксид

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид. Од пазарот се повлекуваат и отповикуваат: 1. Сладолед KIT KAT стапче 20х90 мл Сериски број/лот- PL1048 Рок на употреба: до 28.02.2023 Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Потекло : Франција 2. Сладо…

Авг 6, 2021

Талат Џафери денеска ќе ги распише локалните избори

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска треба да ги распише локалните избори, кои ќе се одржат на 17-ти октомври годинава. Иако кампањата почнува три недели пред денот на изборите, партиите веќе се активни на терен и најавуваат изборни коалиции и комбинаторики. Во Охрид и овој изборен циклус докторска трка за градоначалник. СДСМ излегува со актуелниот градоначалник д-р Константин Георгиески како кандидат, додека од ВМРО-ДПМНЕ го кандидираа д-р Кирил Пецаков. Дел од партите веќе најавија соработки за претстојните локални избори. СДСМ ќе коалицира со ДУИ, Б…

Авг 2, 2021

Кочанчани во очајна битка со огнот за да ги спасат домовите

Во кочанската болница десетина лица побарале лекарска помош поради отежнато дишење од чадот, но нема тешко повредени, јави дописникот на МИА од Кочани. Дописникот јавува и дека пожарот поради ветерот се шири во правец на селото Тркање, а луѓето кои интервенираат таму се сконцентрирани да го спречат ширењето на огнот кон складот на „Макпетрол” и една приватна бензиска пумпа. На тоа место има и објекти од лесната индустрија. Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани максимално се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиш…

Авг 2, 2021

ИЛИНДЕН-Нека ни е честит празникот македонци!

Граѓаните на Република Македонија денес го слават Денот на Републиката 2 Август, споменот на двата историски Илиндена, 118 години од Илинденското востание и 77 години од Првото заседание на АСНОМ. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија. Покрај тоа верниците денес го слават и големиот православен празник посветен на Св. Илија (Громовникот). Во 1903 година почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден. Околу 800 востаници го ослобод…

Јул 31, 2021

Филипче: Очигледно нема да запре појавата на нови соеви

Очигледно е дека нема да запре трендот на појава на нови соеви на вирусот. Многу веројатно е дека делта сојот нема да биде последниот сој на овој вирус, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Министерот Филипче одговарајќи на новинарско прашање, рече дека има зголемување на бројките на новодијагностицирани пациенти, но во овој момент, според него нема притисок ниту во болниците, ниту во амбулантите. Околу 15 пациенти се лекуваат на Инфективната клиника. Будно ја пратиме состојбата. И покрај тоа што е сега прилично мирно, можно е овој тренд на пораст да продолжи и понатаму, а ние …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top