Сеп 8, 2021

Изгоре модуларната болница во Тетово, има и жртви

Во пожарот што избувна околу 21 часот, целосно изгоре модуларната ковид-болница во Клиничкиот центар во Тетово. Министерството за здравство потврди дека во пожарот има и жртви, но точниот број на загинати сѐ уште се утврдува. Пожарот е веќе изгаснат, а повредените се транспортираат во Скопје. Полицијата ги отстрани присутните и во секој момент се очекува да почне увидот кој треба да ја утврди причината за пожарот.  На терен е и министерот за здравство Венко Филипче, а таму е и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која во кратката изјава рече дека исто така нема информации за жртв…

Сеп 8, 2021

Бугарија ќе донира 51 480 дози „Фајзер“ за Македонија

Народното собрание на Бугарија со 146 гласови „за“ го ратификуваше договорот за донирање 51.480 дози на вакцина „Фајзер“ на Македонија. Дозите на вакцини што ќе се донираат се со сериски броеви FA7083, FC8736 и FA4632 и со рок на траење до 30 септември 2021 година. Донацијата е вредна 1.560.635 лева. Министерот Кацаров им објасни на новинарите дека ова е прва донација на вакцини за Македонија. Според Кацаров, требало да се изврши во јуни, но поради процедурите кои се вон наша контрола, тоа не успеало и последователно, самата Република Македонија се откажала. Сега сум многу благодарен…

Јан 14, 2022

Нова серија земјотреси во епицентралното подрачје Лерин – Битола

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска претпладне регистрирала нова серија земјотреси во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин. Според опсерваториските податоци, епицентрите биле во соседна Грција. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, мво Битола и околината најмногу бил почувствуван земјотресот во 10 часот и 46 минути, со локална Рихтерова магнитуда 3.0 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. Претходните неколку дена во подрачјето на Лерин имаше серија посилни земјотреси од ко…

Сеп 8, 2021

Честит и вечен 8 Септември – Денот на самостојна и суверена Македонија

На 8 септември 1991 година со убедливо мнозинство, 95 отсто од вкупниот број на македонски граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на прашањето за создавање на самостојна и независна македонска држава. На гласањето, според официјалните податоци од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој бил спроведен не биле подне…

Сеп 7, 2021

Владата ќе спречува злоупотреба на службените возила преку нов систем за следење

Владата на денешната седница донела одлука со која ќе го дефинира и регулира користењето на службените возила за да се спречи нивна злоупотреба, информираа од кабинетот на вицепремиерот за антикорупција Љупчо Николовски, по чија иницијатива била донесена одлуката. Одлуката е направена така што ги елиминира потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели. Новиот систем за следење на користењето на службените возила и начинот на кој ќе обезбедуваат дозволите за користење овозможува лесно детектирање на неправилностите и нивна санкциј…

Сеп 7, 2021

682 новозаболени, 32 починати лица од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 6.425 тестирањe, а регистрирани се 682 нови случаи на КОВИД-19. Скопје – 317, Куманово – 51, Тетово – 49, Битола – 31, Кичево – 30, Кавадарци – 22, Гостивар – 19, Струмица – 18, Ресен – 15, Прилеп – 13, Охрид и Струга – по 11, Делчево -10, Пробиштип и Валандово – по 8, Радовиш, Крива Паланка и Кратово – по 7, Штип и Дебар – по 6, Велес, Неготино, Свети Николе и Берово – по 5, Кочани и Гевгелија – по 4, Виница и Демир Хисар – по 2, Богданци, Пехчево, Македонска Камени…

Сеп 6, 2021

Се намалува бројот на новодијагностицирани со Ковид-19

Бројот на новозаболени опаѓа, како и бројот на прегледи во болниците кои се најголемите индикатори за состојбата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Според него, за време на големиот притисок на Инфективната клиника имало просечно од 120, 130 прегледи, а сега е некаде околу 90. Тој како пример ја посочи и тетовската болница, каде сега има 90 наспроти 120 прегледи претходно. Сите овие параметри кои ги пратиме укажуваат на тоа дека ситуацијата спласнува во овој момент и тоа се добри знаци – рече Филипче. Тој повтори дека нема притисок во болниците каде што е висок о…

Сеп 5, 2021

34-годишно лице од Гостивар е жртвата од вчерашната сообраќајка

На 04.09.2021 околу 15,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на новоселски гробишта во с.Ново Село се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.М.(41) од Охрид, патничко моторно возило “бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(23) од с.Радиовце-тетовско, и товарно моторно возило “фургон сангјонг“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Љ.(32) од с.Д.Бањица-гостиварско. На местото на незгодата починал сопатникот од товарното возило С.Е.(34) од Гостива…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top