Светскиот Ден за борба против корупцијата 9-ти декември ќе биде одбележан со неколку настани и во Македонија.Панел дискусија со цел да се мобилизираат новинарите и медиумите ќе организира Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со УНДП.Учесниците во дебатата ќе се фокусираат на предизвиците и можностите на истражувачкото новинарство во следењето, откривањето и спречувањето на корупцијата во државата.Невладината Транспарентност Македонија ќе даде изјава за медиумите пред прoмотивниот билборд за спречување на корупцијата, кој се наоѓа во близина на владата.{loadposition…
Европската унија го одложи донесувањето на одлуката за почеток на преговори со Македонија за наредната година, потврди комесарот за проширување во ЕУ, Оли Рен по завршување на состанокот на Советот на министрите на ЕУ во Брисел.- Советот на министрите на ЕУ констатира дека Комисијата препорача започнување на претпристапни преговори со Република Македонија и ќе го разгледа тоа прашање во време на следното претседателство на Унијата во тек на шпанското претседателство, почнувајќи од 1-ви јануари 2010, рече на прес-конференција Оли Рен. Шефовите на дипломаттите на ЕУ, јави дописникот на МИА о…
Словенечкиот министер за правда Алеш Залар во вторник на покана на неговиот македонски колега Михајло Маневски, ќе престојува во официјална посета на Скопје.Во рамки на посетата, Македонија и Словенија ќе потпишат Меморандум за правна и судска соработка, официјално е соопштено.Предвидено е словенечкиот министер во Академијата за обука на судии и јавни обвинители да одржи предавање од областа на медијацијата.{loadposition content9}
Македонија во вторник го празнува „Свети Климент Охридски“ во чест на основачот на Охридската архиепископија, основоположникот на охридската книжевна школа и творецот на кириличното писмо, Свети Климент.Со денешниот празник се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител и првиот словенски епископ.Заедно со Наум Охридски, Свети Климент е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело.Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Мо…
Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел треба да го дефинираат заклучокот во врска со препораката на Европската комисија за одредување датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата.Иако повеќето од земјите од ЕУ поддржуваат старт на преговорите, шансите за одредување датум се мали поради условувањето на Грција со претходно затворање на спорот за името. Не е исклучено, конечната одлука министрите за надворешни работи да им ја остават на шефовите на држави и влади на Самитот на 10 и 11 декември. Според последните информации од Брисел, во немож…
Клучот од Палатата Уранија предаден во рацете на Македонската академија на науките и уметностите. Уранија, отсега ќе претставува „Охридски книжевен центар“.Куќата на Уранија предадена на користење на МАНУ. По завршената факсимилна обнова на екстериерот и ентериерот на овој препознатлив белег за Охрид, тој преоѓа во сопственост на институцијата која пред 42 години од тука ги промовираше првите Академици. На вчерашната промоција на овој реномиран споменик на културата за Охрид, присуствуваа Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, Академик Георги Старделов, претседател на МАНУ, …
Одговорот на прашањето „ Што се случи со бродот Илинден“, ќе следи по денешната експертиза која ќе ја направат стручни лица од земјава, Хрватска и Франција. Што се случи со бродот „Илинден“ на 5-ти септември? Одговорот на ова прашање треба да го даде финалното вештачење на бродот, кое според најавите ќе биде направено денеска.Експерти од земјава, од Хрватска и од Франција, ќе ја тестираат издржливоста на бродот. За таа цел тој ќе биде оптоварен со тежина, приближно еднаква на онаа што ја имал кобното утро на 5-ти септември, кога од засега непознати причини бродот потона во водите на Охридск…
Владина и бизнис делегација предвоена од премиерот Никола Груевски од сабота ќе престојува во дводневна посета на Турција.Според најавите, за време на посетата премиерот Груевски ќе се сретне со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а ќе има и обраќање на турско-македонскиот бизнис форум.Бизнис форумот е можност за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, како и за воспоставување на поблиски контакти меѓу турските и македонските компании.{loadposition content9}