Дек 24, 2009

Повеќе македонски содржини на Википедија

Проектот за зголемување на бројот на македонски содржини на Википедија ќе биде презентиран во четврток во просториите на Министерството за информатичко општество.По тој повод министерот за информатичко општество Иво Ивановски ќе одржи прес конференција.На настанот ќе присуствуваат деканите на поголем број факултети од Македонија, а воедно и ќе бидат потпишани Меморандуми за соработка и разбирање помеѓу Министерството за информатичко општество и факултетите кои се вклучени во проектот.{loadposition content9}

Дек 23, 2009

Најавен штрајк на сточарите

Сточарите за в среда најавуваат протест поради „неисплаќање на средствата за одземените грла, кои се заболени од бруцелоза и туберкулоза“.Во соопштението од Федерацијата на Фармери информираат дека протестот ќе се одржи пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Федерацијата на фармерите на Република Македонија неколку пати бараше исполнување на законската обврска на МЗШВ за рефундирање на средства за одземените грла од сточарите, кои се заболени од бруцелоза и туберкулоза според годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2009 год. Сточарите побараа сред…

Дек 23, 2009

Тренинг-вежба на силите за заштита и спасување на планина

Дирекцијата за заштита и спасување од среда до недела организира тренинг вежба на силите за заштита и спасување на планина „Попова Шапка  09“.На вежбата, што ќе се одржи на падините на Шар Планина, ќе учествуваат 40 припадници на тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово и Битола.Целта на вежбата е запознавање со основите на техниките на движење во зимски услови, тактика на спасување од лавини, процедурите при употреба на тимовите за брз одговор и санирање на последиците и укажување на прва медицинска помош.{loadposition content9}

Дек 22, 2009

Од денес бензините и дизелот поевтини за еден денар

Одлуката за намалување на цените ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), на состанокот одржан во понеделник.Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,54, односно 1,72 отсто. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 63,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 49,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намали за 0,50 денари и се продава за 38,50 денари за литар.{loadposition content9}

Дек 22, 2009

Кривична пријава за убиецот од Градско

Секторот за внатрешни работи од Велес до надлежното основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицето А.Е. (19) од Градско, поради постоење основано сомнение дека сторил пет кривични дела „убиство“ – врз 78 годишната Стефка Ј., за две дела „силување“ и „разбојништво“ врз Стефка Ј. и врз 74 годишната М.Г, двете од ГрадскоПријавениот, според соопштението на МВР, на 2 октомври со намера да украде пари дошол пред куќата на Стефка Ј. и успеал со туркање на подотворениот прозор од предната страна на куќата да влезе внатре. По пребарувањето се упатил во собата каде што спиела сега…

Дек 22, 2009

Пратениците денес расправаат за предлог-буџетот за 2010 година

Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 86. седница, треба да ја почне расправата по Предлог-буџетот за 2010 година. Според Предлогот, приходите се планирани на 143 милијарди и 257 милиони денари, а расходите на 153 милијарди и 720 милиони денари. Дефицитот е проектиран а 2,5 проценти од БДП и ќе изнесува 10 милијарди и 460 милиони денари. Кај приходите има зголемување од 3,4 проценти, а кај расходите за 2,8 отсто. Владината проекција за 2010 година е дека растот на БДП ќе биде два отсто, а на максимум два отсто е планирана и годишната стапка на инфлација. Според предлагачот…

Дек 21, 2009

Првиот ден од зимата, со сибирски температури

Денеска според астрономскиот календар е 21 декември, првиот ден од зимата, на кој се забележани и најниските температури во Македонија годинава. Вечерва точно во 18.47 минути ќе настапи астрономската зима, денот е познат како зимска краткоденица. Зимата ќе трае до 21 март. Првиот зимски ден е најкраткиот ден во годината со најдолга ноќ. Сонцето денеска изгреа во 7.00, а ќе зајде во 16 часот и 07 минути . Месечината зајде во 9.54, а ќе изгрее во 20.56 часот.Изутрината, на првиот ден од зимата се забележани и најниските температури годинава. Во Скопје живата во термометарот се спушти до -14, …

Дек 21, 2009

Ден на образование на турски јазик

По повод Денот на образование на турски јазик, денеска ќе биде одржана пригодна прослава во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.На прославата ќе се обрати министерот без ресор во Владата на Република Македонија Хади Незир.Денот на образование на турски јазик, според Законот за празници, е неработен ден за припадниците на турската заедница во Република Македонија.{loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top