Јан 15, 2010

Средба Груевски-Расмусен

Македонскиот премиер Никола Груевски во петок во Брисел треба да оствари средба со  генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.  На средбата се очекува да се разговара за достигнувањата и перспективите на Република Македонија за членство во Алијансата, како и за досегашните и идните реформи на земјата во рамките на евро-атлантските интеграции.Премиерот Никола Груевски пред заминувањето за Брисел изјави дека не очекува премногу од средбата со Расмусен, но, нагласи дека таа е многу важна за да може генералниот секретар подобро да го разбере нашиот проблем што го имаме со Грција за спор…

Јан 14, 2010

24 часовен штрајк на угостителите

Угостителите решија- 24 часа ќе ги затворат локалите, како протест за новиот Закон за пушење. Владо Бучковски и Ѓорги Оровчанец, на почетокот на февруари ќе ја поднесат иницијативата за измени на Законот за пушење Владо Бучковски и Ѓорги Оровчанец, двајцата народни избраници кои не се согласуваат со правилата за пушење цигари на почетокот на февруари ќе ја поднесат иницијативата за измени на Законот за пушење. Пратеникот од СДСМ, Бучковски, вели дека до крајот на месецов ќе собираат статистички бројки кои ќе ја поткрепат оправданоста за поднесување на иницијативата.- Иницијативата ќе ја под…

Јан 14, 2010

Започна првиот судски процес против мобинг во Македонија

И невладините организации и синдикатот сметаат дека со измена на два члена од Законот за работни односи тешко дека ќе им се овозможи соодветна правна заштита на жртвите од мобингВо битолскиот Основен суд започна првиот судски процес против мобинг, односно психичко малтеретирање на работно место. Името на битолчанката која поднела тужба, како и тужената компанија се чуваат во тајност. Но, се дознава дека тужител е работничка која за мобинг ја обвинила текстилната компанија во која работела. Ова е можеби единствена или една од ретките тужби за мобинг поднесени во државата, соопштува Радио Сло…

Јан 7, 2010

Македонија, златна средина

Македонија се наоѓа на 76 место во табелата на најдобри места за живеење, покажува истражувањето за 2009. година на Quality of Life Index.Македонија е зад сите земји од регионот, со исклучок на Босна и Херцеговина(БиХ), која се наоѓа на 84 место.Збирниот резултат на Македонија изнесува 60 поени, исто како Турција, Албанија, Боливија, Француска Полинезија, Парагвај и Белизе, покажува истражувањето изготвено од списанието „International living“.Во оценката Македонија има најмногу бодови за климата, додека економијата има слаба оценка, слична на оние на Бугарија, Романија, Гренада, Јужна Африк…

Јан 7, 2010

Православните христијани го слават Христовото раѓање

“Христос се роди, навистина се роди“ – ова е поздравот со кој православните верници во четврток си го честитаат празникот Божиќ – денот на Христовото раѓање.Во сите храмови на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија утрово се одржуваат божиќни литургии. Централната богослужба е во Соборниот храм во Скопје.Основната порака на Божиќ е помирувањето и мирољубието меѓу луѓето. Денот е посветен на љубовта, надежта и семејството. Поради ова, традиционално, празникот се прославува во домашна атмосфера, во кругот на семејството со богата трпеза.Славењето на Божик започна во среда. С…

Јан 6, 2010

Православните христијани денес го слават Бадник

Празникот го најавија коледарите, кои од раните утрински часови одат по домовите и со песна на вратите ја навестуваат радосната вест за раѓањето на Исус Христос. Традиционалната бадникова прослава ќе се одржи пред Соборниот храм во Скопје, каде што на присутните ќе им се делат бадникови гранчиња. На прославата ќе присуствуваат и кумот и здравичарот, неврохирургот Јовица Угриновски и драматургот Братислав Димитров. Вечерва, според традицијата, семејството се собира пред посната трпеза, каде што се врти лепче со паричка. Верувањето е дека кај оној што ќе се падне паричката, ќе има среќа во те…

Јан 6, 2010

Ригорозни казни за пијаните возачи

Горната граница за дозволена количина алкохол во крвта за возачите од сегашните 0,5 промили, од среда нема да важи, а полицијата ќе толерира единствено 0,1 промили.Ова се дел од измените на Законот за безбедност на сообраќајот, со кој се предвидуваат парични казни од 200 евра и тримесечно одземање на возачката дозвола за возачите кај кои ќе бидат измерени од 0,1 до 0,5 промили.Казните за возачите со над 0,5 промили ќе бидат одредувани пропорцијално во зависност од нивото на алкохол во крвта. Секој возач што ќе одбие да биде алкотестиран ќе треба да плати казна од 500 евра, која се преполову…

Јан 4, 2010

Груевски во тродневна посета на Израел

Висока македонска владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски во понеделник замина во тродневна посета на Израел.Според најавите, Груевски во вторник треба да се биде примен од претседателот на Израел Шимон Перес, по што ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за надворешни работи Авигдор Либерман.Предвидено е во среда, македонскиот премиер да оствари средба лидерката на водечката опозициона партија Ликуд, Ципи Ливни.Во македонската делегација, покрај премиерот Груевски, се вицепремиерот Владимир Пешевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top