Македонија, златна средина

Македонија се наоѓа на 76 место во табелата на најдобри места за живеење, покажува истражувањето за 2009.

logo
лого

Македонија се наоѓа на 76 место во табелата на најдобри места за живеење, покажува истражувањето за 2009. година на Quality of Life Index.

OhridМакедонија е зад сите земји од регионот, со исклучок на Босна и Херцеговина(БиХ), која се наоѓа на 84 место.

Збирниот резултат на Македонија изнесува 60 поени, исто како Турција, Албанија, Боливија, Француска Полинезија, Парагвај и Белизе, покажува истражувањето изготвено од списанието „International living“.

Во оценката Македонија има најмногу бодови за климата, додека економијата има слаба оценка, слична на оние на Бугарија, Романија, Гренада, Јужна Африка, Боцвана, Порто Рико, Хондурас, Самоа, Монголија, Перу, Либан, Малдиви, Киргистан…

Послаби оценки Македонија има и за инфраструктурата и здравството, додека 67 и 68 бодови има добиено за околината и слободата.

Франција четврта година по ред е најпосакуваното место за живеење, со максимален број поени по сите категории. По Франција следи Австралија, Швајцарија, Германија, Нов Зеланд, Луксембург, САД, Белгија, Канада и Италија.

На последните места се наоѓаат Авганистан, Чад, Судан, Јемен и Сомалија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top