Дек 2, 2009

Груевски и Баросо за македонската евроинтеграциј

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Брисел треба се сретне со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо пред Европската унија да одлучи за преговорите за членство со Македонија.Премиерот Груевски побара од грчкиот колега Јоргос Папандреу, следната седмица на Европскиот совет да не го блокира одредувањето на датумот кога Македонија би ги започнала преговорите со ЕУ. Истиот апел вчера го упати министерот за надворешни работи Антони Милошоски.Меѓутоа, грчката страна повтори дека без решение на прашањето за името Македонија нема да ги започне преговорите. Атина веќе го…

Дек 2, 2009

Втор ден од Министерскиот состанок на ОБСЕ во Атина

Во Атина денеска продолжува 17. Министерски состанок на ОБСЕ на кој учествува и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.На маргините од состанокот министерот Милошоски ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Ерменија Едвард Налбандиан. Министерот Милошоски вчера во Атина имаше билатерална средба со заменик министерот за надворешни работи Грција Димитрис Друцас, а потоа и со премиерот и министер за надворешни работи на земјата домаќин Грција, Јоргос Папндреу, кој беше придружуван од Друцас. Тема на разговорот бил спорот за името во контекст на евроинтеграцијата на Маке…

Дек 1, 2009

Францускиот министер за имиграција и интеграција во посета на Македонија

Министерот за имиграција, интеграција, национален идентитет и солидарен развој на Република Франција, Ерик Бесон денеска престојува во   Македонија.За време на посетата, тој ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски со кого ќе го потпише Договорот за мобилност на млади.Министерот Бесон ќе ги посети и француските гробишта на Кале.{loadposition content9}

Дек 1, 2009

Министерот Бесими на конференција на WTO

Министерот за економија Фатмир Бесими ќе учествува на седмата министерска конференција на Светската трговска организација, која ќе се одржи во Женева, Швајцарија. На пленарната сесија на конференцијата ќе  се дискутира за „Мултилатералниот трговски систем на СТО и сегашната светска економска состојба“. На собирот најавено е учество на министри од сите земји членки на организацијата, како и министрите од земјите набљудувачи. Конференција се одржува на секои две години и на неа се донесуваат одлуки за сите прашања во рамките на СТО врз основа на одлуката на Генералниот совет. Министерот Бесим…

Ное 30, 2009

ЕУ ги укина визите за Македонија

Граѓаните на Македонија од 19 декември годинава ќе можат да патуваат без визи во земјите членки на шенгенската зона.Државите членки на Европската Унија(ЕУ) решија да ги укинат визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора почнувајќи од 19 декември, соопшти францускиот министер за имиграција Ерик Бесон.“Официјално соопштувам дека ЕУ донесе решение за укинување на визите за трите земји, кое  е многу важна етапа во процесот на приближување”, рече Бесон на прес конференцијата.“Укинувањето на визите за Србија, Црна Гора и Македонија ќе стапи на сила на 19 декември”, додаде Бесон.Граѓанит…

Ное 30, 2009

Средба на министерот Бајрами со преставници на пензионерските здруженија

Министерството за труд и социјална политика со пензионерите треба да договорат по кои критериуми пензионерите ќе имаат можност седум дена во годината бесплатно да престојуваат во еден од бањските центри.На средбата треба да учествуваат министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами и преставници на пензионерските здруженија.Мерката опфаќа подмирување на сите трошоци од транспорт, престој до лекарски надзор, а треба да почне да се применува од следната годинаПремиерот Никола Груевски најави дека оваа мерка освен што ќе им помогне на пензионерите, при што предност ќе имаат оние со пон…

Ное 28, 2009

По Нова година, струјата поскапа за 10-15%

Струјата ќе поскапи од 10 до 15 отсто, предвидува директорот на ЕЛЕМ. Новата цена ќе се знае во следниот месец, откако регулаторите ќе ги разгледаат пресметките за направените трошоци на трите енергетски компании ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВНСтрујата по Нова година најверојатно ќе поскапи за 10 до 15 отсто. Според процените на директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, корекцијата нагоре треба да биде во границите на овие проценти, но крајната одлука сепак зависи од Регулаторната комисија за енергетика.Регулаторите ќе ја одредат новата цена во следниот месец, откако ќе ги разгледаат пресметките за направенит…

Ное 28, 2009

Одбележување на Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жените

Во рамките на кампањата за превенција на семејното насилство, насловена „Вистинскиот маж никогаш не удира жена“ денеска во Скопје ќе се одржи манифестација од забавен карактер со кој ќе се одбележи Меѓународниот ден за елминицаија на насилство врз жените, Целта на оваа кампања, која е во организација на агенциите на ОН во земјата и Министерството за труд и социјална политика, е да ја подигне јавната свест во однос на темите поврзани со семејното насилство, но и да ги поддржи напорите за справување со овој негативен општествен феномен, кој во земјава бележи загрижувачки димензии. Поздравни о…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top