Ное 25, 2009

Кампања против семејното насилство

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Македонија – ЕСЕ во среда ќе одржи прес конференција по повод Меѓународните 16 дена активизам против насилството врз жените.ЕСЕ, како што е најавено, ќе го означи почетокот на овогодишната кампања чија цел е запознавање на граѓаните со законските одредби кои го регулираат семејното насилство и за формите и видот на заштитата која може да се обезбеди на жртвите на семејно насилство. Претставниците на ЕСЕ, Марија Гелевска и Стојан Мишев ќе ги презентираат состојбите по однос на помошта и заштитата на жртвите на семејно насилств…

Ное 25, 2009

Ќе има ли штрајк на контролорите на летање ?

Управниот одбор на Акционерското друштво за давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ во среда ќе одржи конференција за новинарите по повод последните случувања во друштвото.Вработените во Македонска Навигација (М-НАВ) денеска треба да решат дали ќе започнат штрајк по одлуката на Управниот одбор за намалување на платите.Тие обвинуваат дека директорите со притисоци, закани и уцени се обидуваат да ги натераат да се откажат од најавениот штрајк.По препорака на владата, Управниот одбор на М-НАВ донесе одлука да им се намалат платите на над 160 вработени во друштвото и тоа на администрац…

Ное 24, 2009

Гранит го доби тендерот на Агенцијата за патишта

Станува збор за тендер вреден 2,5 милиони евра, за реконструкција на 17 патни правци во Полошко-кумановскиот регион, се вели во известувањето на најголемата македонска градежна компанија Гранит. Тендерот на Агенцијата за патишта е дел од проектот на Светска банка за рехабилитација на локалната и регионалната патна мрежа во Македонија, кој опфаќа вкупно 28 патни правци низ земјава.Моментално Гранит гради ги гради 145-те спортски сали, новата зграда на Уставниот суд, патот Смрдлива вода- Кожув, пристапните патишта до зоната Бунарџик итн. Компанијата има проблеми со наплатата и добивањето нови…

Ное 24, 2009

Студија на УНИЦЕФ за мултикултурализмот во Македонија

Студија на УНИЦЕФ за мултикултурализмот и меѓуетничките односи во образованието во Македонија во вторник ќе биде промовирана во Скопје.На промовирањето е најавено учество на вицепремиерот Абдулаким Адеми, министерот за образование Никола Тодоров, како и претставникот на фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) Шелдон Јет.Студијата се темели на истражувања на терен, меѓу учениците, учителите и родителите и претставува анализа на механизмите во образовниот систем за зголемување на почитувањето, толеранцијата и прифаќањето меѓу Македонската и албанската етничка заедница.{loadposition con…

Ное 23, 2009

Холандскиот министер за правда во Македонија

Холандскиот министер за правда на Холандија, Хирш Балин во понеделник треба да допатува во службена посета на Македонија.Предвидено е Балин да оствари средба со својот македонски колега Михајло Маневски и со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.Според најавите, гостинот од Холандија ќе оствари посета на Врховниот суд на Македонија и на затворот Идризово.{loadposition content9}

Ное 23, 2009

Словенечката министерка за внатрешни работи во Македонија

Висока делегација на словенечкото Министерство за внатрешни работи, предводена од министерката Катарина Кресал и генералниот директор на словенечката полиција, Јанко Горшек в понеделник ќе допатува во Скопје.Според најавите, високата делегација, која што во Скопје ќе престојува два дена, по пристигнувањето ќе биде примена од македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов. На средбата ќе присуствува и македонската министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.Словенечката делегација придружувана од словенечкиот Амбасадор во Македонија, Алан Бергант претходно ќе оствари средба и со вицепремиерот…

Ное 21, 2009

Почнува вакцинацијата против новиот грип

Со вакцинација на лекарите и медицинските сестри на Инфективната клиника во Скопје, денеска почнува имунизацијата против новиот грип А (Х1Н1) во Македонија.  Медицинскиот персонал на Клиниката, кој најмногу е изложен на контакти со заразени лица, ќе биде вакциниран со првите 5.000 вакцини против новиот грип од производителot „Новартис“ кои вчера пристигнаа во Македонија како донација од Турција.Во наредните денови ќе биде вакциниран и другиот медицински персонал низ државата. – Целта на оваа мерка е да се направи се што е во наша можност да ги заштитиме лекарите и медицинските сестри кои по…

Ное 21, 2009

Државен натпревар во претприемаштво

Натпревар во претприемништво за средношколци на возраст од 15-18 години од средни стручни училишта ќе се одржи во сабота во десет држави, вклучително и Македонија.Станува збор серија државни натпревари кои имаат за цел да ги поттикнат младите да ги користат сопствените креативни вештини за да ги подобрат сопствените можности за вработување и претприемништво.Оваа есен, во натпреварите ќе учествуваат повеќе од 1000 учесници, на кои ќе им биде предочена задачата на која тие тимски ќе работат и ќе предложат креативно решение пред стручно жири.Натпреварите ќе се одржат во 9 земји од Jугоисточна …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top