Ное 14, 2009

Средба на Метју Нимиц – Зоран Јолевски

Средбата доаѓа по вчерашната, одвоена средба на Нимиц со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис. Посредникот на ОН во разликите околу името меѓу Република Македонија и Грција Метју Нимиц, вечерва по американско време ќе се сретне со македонскиот преговарач, амбасадорот Зоран Јолевски, пренесе Гласот на Америка на македонски јазик, повикувајќи се на соопштение од Канцеларијата на портпаролот на Светската организација.Во кусото известување се наведува и дека на дневен ред се позициите на македонската влада, како и наредните чекори.Средбата доаѓа по вчерашната, одвоена средба на Нимиц со грчк…

Ное 14, 2009

Како да се реши проблемот со побарувачката на лични карти

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска треба да ги посети управните служби при СВР Скопје, за да се информира за текот на процесот на замена на старите лични карти со нови.- На средбата со раководството ќе се разговара околу можните решенија со кои максимално би им се излегло во пресрет на граѓаните чиј интерес енормно порасна со доближувањето на крајниот рок за замена на личните карти, соопшти МВР.Крајниот рок до кој секој македонски граѓанин треба да ја има новата лична карта е 27 февруари идната година, за непочитување на рокот граѓаните се соочуваат со казна од 9.00…

Ное 9, 2009

Потврдени 20 нови случаи со вирусот А (Х1Н1)

Кај 20 лица се потврдени позитивни резултати на новиот тип на вирус А (Х1Н1) во последните 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство.Сите лица се прегледани на Клиниката за инфективни болести и се под соодветна медицинска терапија. Во моментот има хоспитализирано девет пациенти со лесна и средно тешка клиничка слика.Министерството информира дека денеска работна средба оддржала Комисијата за пандемски грип со која раководел министерот за здравство Бујар Османи, каде се донесени препораки и заклучоци за заштита на населението од натамошно ширење на новиот тип на грип А (Х1Н1).- Се …

Ное 9, 2009

Јавна распределба на 102 социјални станови

Јавна прелиминарна електронска распределба ќе се одржи денеска на 102 социјални станови изградени и подготвени за вселување во скопската општина Ѓорче Петров.Распределбата ќе биде извршена во присуство на апликантите со електронски софтвер кој ќе ја подготви прелиминарната ранг листа на добитници на социјалните станови.Обраќање на настанот ќе има министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.Со социјалните станови во Ѓорче Петров започнува електронската распределба на становите под закуп, која според надлежните, ќе овозможи поедноставна обработка на податоците на апликантите и елиминирање…

Ное 7, 2009

Професионалните војници на марш низ Скопје

Професионалните војници, по една недела протест пред владата, за сабота најавија протестен марш низ Скопје.Тие ќе маршираат покрај Соборниот храм, Собранието и крај Мавровка назад до Владата, за да го засилат притисокот за решавање на нивниот статус.Професионалните војници бараат гаранции од државата за вработување, откако по наполнети 38 години остануваат невработени.Тие ја отфрлија понудата на Владата да преминат во активна резерва, до наполнување на 48 години, за што би добивале само третина од платата.{loadposition content9}

Ное 7, 2009

Сертификати за односи со јавноста и комуникации

Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски во сабота во Скопје ќе ги врачи сертификатите за учество на обуката за обучувачи „Односи со јавноста и комуникации“.Обуката која Секретаријатот за европски прашања во соработка со Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство ја одржа годинава е продолжение на циклусот обуки наменети за лицата одговорни за односите со јавноста.Во текот на двете фази од обуката на идните обучувачи им беа претставени напредни техники за комуникација и односи со јавност што ги користат владините служби на земјите – членки на Европската унија,…

Ное 6, 2009

Манчевски на светска конференција на сценаристи во Атина

Најуспешниот македонски филмски автор Милчо Манчевски ќе учествува на првата Светска конференција на сценаристи, што ќе се одржи во петок и сабота во Атина, Грција.Конференцијата се смета за историски настан затоа што за прв пат на едно место се собираат членовите на здруженијата од Европската федерација на сценаристи (која е организатор на настанот) и на Меѓународната асоцијација на писателски здруженија.Според најавите, на конференцијата ќе учествуваат над 200 автори и претставници на над 20 илјади сценаристи од целиот свет.Манчевски на конференцијата ќе има и свое излагање на панелот со …

Ное 6, 2009

Шефот на косовската дипломатија во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Косово Скендер Хисени в петок треба да допатува во официјална посета на Македонија.Хисени, освен со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, ќе биде примен од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и од премиерот Никола Груевски.Министрите Милошоски и Хисени ќе разговараат за насоките за развивање на политичката и економска соработка, а ќе разменат мислења и за ситуацијата во регионот.На средбите се очекува да биде потенцирана потребата од регулирање и интензивирање на билатералните односи меѓу двете земји кои се карактеризираат со пријателство…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top