Дек 16, 2009

Иванов ќе се обрати на Самитот во Копенхаген

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати пред учесниците на Самитот за климатски промени на ОН што се одржува во данскиот главен град Копенхаген.Шефот на македонската држава ќе присуствува и на работниот ручек што за претседателите, премиерите и министрите учесници на Самитот го организира извршниот секретар на ОН задолжен за климата Иво де Бур. На маргините на Самитот, македонскиот претседател ќе има средби и со своите колеги од Литванија Далија Грибаускаите и од Финска Тарја Халонен, а ќе се сретне и со албанскиот премиер Сали Бериша. Претседателот Иванов ќе…

Дек 16, 2009

Македонскиот БДП една третина од европскиот

Брутодомашниот производ (БДП) на Македонија по глава на жител во 2008 година бил 33 отсто од просечниот БДП во 27-те земји членки на Европската унија, соопшти Евростат.Според истиот извор македонскиот БДП во 2007 бил 31 отсто од европскиот просек, а во 2006 – 29.Извештајот на Евростат за куповната моќ на населението во земјите членки на ЕУ, кандидатите и потенцијалните кандидати за членство, како и државите членки на ЕФТА, покажува големи отстапувања на БДП во однос на просекот.Дури 276 насто од просекот на ЕУ е БДП по глава на жител во Луксембург, додека во Бугарија претставува 41 отсто.Ме…

Дек 15, 2009

Состанок на министрите на Јадранската група

Босна и Херцеговина(БиХ) во вторник е домаќин на состанокот на министрите за надворешни работи на државите членки на Јадранската група, на кој учествува и македонскиот министер Антонио МилошоскиНа состанокот во Сараево ќе се разговара за регионалната соработка во рамки на Јадранската група, НАТО процесот, мисијата ИСАФ, за понатамошните активности на Јадранската група, а ќе биде усвоена и заедничка изјава.Членки на Јадранската група се Албанија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, Македонија и САД, додека Србија има статус на посматрач. Шестмесечното претседавање БиХ го презема на 1. јули годинава.{l…

Дек 15, 2009

Претседателот Иванов во Копенхаген на Самитот за климатски промени

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска до 18 декември ќе учествува на Самитот за килматски промени на ОН што се одржува во данскиот главен град Копенхаген.Според програмата, шефот на македонската држава утре ќе има обраќање пред учесниците на Самитот.Иванов ќе присуствува и на работниот ручек што за претседателите, премиерите и министрите учесници на Самитот го организира извршниот секретар на ОН задолжен за климата Иво де Бур.На маргините на Самитот, македонскиот претседател ќе има средби и со своите колеги од Индонезија, Сусило Бамбанг Јудојоно и од Литванија, Далиј…

Дек 14, 2009

Вакцинација за целото население

Вакцинација против новиот грип од понеделник ќе започне за целото население.Здравствените власти информираа дека овој пат, освен медицинскиот персонал и ризичните групи, вакцини ќе може да примат и останатите граѓани.Освен  вакцините, матичните доктори веќе почнаа на рецепти да го препишуваат и лекот Тамифлу.Комисијата за пандемски грип информираше дека ургентно ќе се набавуваат дополнителни респиратори за болниците, 50 илјади кутии од лекот „Тамифлу“ и 80 илјади вакцини.До сега вакцина против новиот грип примија близу 2 000 граѓани.{loadposition content9}

Дек 14, 2009

Македонските мировници ќе бидат одликвувани

Американски одликувања ќе им бидат доделени денеска на македонски мировници за учеството во меѓународната мисија во Ирак.Свеченото доделување на одликувања на 32 припадници од полкот за специјални операции на АРМ за учеството во мисијата ,,Слобода за Ирак” ќе се одржи претпладнево, во Домот на АРМ во Скопје.Македонските мировници ќе ги одликува адмиралот Вилијам А. Браун, директор на одделот за логистика во командата на силите на САД во Европа.Одликувањата, САД  ги доделуваат на 32  припадници на АРМ за покажаните високи резултати и успешното и професионално извршување на задачите за време …

Дек 12, 2009

Промоција на партиската програма на ОМ

Обединети за Македонија(ОМ) денеска во Тетово ќе ја промовира партиската програма, како дел од настојувањето на овој политички субјект да им се доближи на потенцијалните гласачи.Промоцијата на партијата на екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски закажана за вечерва во Домот на АРМ во Тетово., следува десетина дена по партиската промоција одржана во Битола.Промоцијата на ОМ во Битола ја одбележа обраќањето на членот на партиското раководство Златко Кесковски кој остро ги критикуваше премиерот Никола Груевски и владиниот кабинет, а нивното владеење го нарече тоталитаризам.{loadposit…

Дек 12, 2009

Бројот на туристи и натаму паѓа

Бројот на туристите во земјава во октомври годинава изнесува 42.383 и е за 5,2 проценти помал во споредба со истиот месец лани. Поголемо намалување од 6,3 отсто се забележува кај странските туристи, а бројот на домашните туристи е намален за 3,9 отсто. Покрај бројот на туристити, според статистичките податоци, и бројот на ноќевањата забележува намалување од 2,1 отсто. Во октомври бројот на ноќевањата изнесува 101.668.  Кај домашните туристи бројот на ноќевањата е намален за 2,9 отсто, а на странските туристи за 1,5 отсто.Намалување на бројот на туристи за 1,5 отсто е забележано и во периодо…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top