Апр 8, 2013

Дебрца и Струга ги добија своите нови градоначалници

Вториот круг од Локалните избори 2013 година донесе и нови градоначалници во општините Дебрца и Струга. По 16 години владеење на досегашниот градоначалник, Љупчо Којчиноски, во Дебрца победа забележа Игор Трајкоски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. По пребројувањето на гласовите од 28те избирачки места во Дебрца, со 172 гласа предност пред неговиот противкандидат Којчиноски, Трајкоски беше изгласан за нов градоначалник на Дебрца. Инаку тој освои 1822 гласови или 51.59 % од гласовите, додека Којчиноски освои 1650 или 46.72 % од гласовите. Во вториот круг, во Дебрца вкупно …

Апр 8, 2013

Во Македонија се одбележува Светскиот ден на Ромите

На денешен ден се одбележува светскиот ден на Ромите во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 8-12 април 1971 година во Лондон и тоа е еден од најважните датуми во историјата на овој народ. На тој датум на конгресот се стретнаа претставници на Ромите од 14 земји во светот.Како една од најважните усвоени одлуки се одлуката за ромско знаме и официјална химна. Ромското знаме во долниот дел има зелена боја која ја симболизира земјата, а горниот дел е обоен со сина боја која го симболизира небото. Црвеното тркало кое се наоѓа во средина на знамето ги претставува патувањата и миграц…

Апр 8, 2013

ДИК излезе со првите официјални информации за вториот круг од изборите

По 100 отсто обработени податоци од гласачките места според официјални податоци на Државната изборна комисија слободно може да се заклучи дека владејачката ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија“ во вториот круг ја запечатија победата на петтите локални избори освојувајќи дополнителни 16 општини и Градот Скопје.Заедно со освоените општини во првиот круг (40 општини) партијата на премиерот Никола Груевски денеска може да се пофали дека освои рекорден број градоначалнички места – 56.За разлика од големата победа на ВМРО ДПМНЕ, опозицискиот Социјал демократски сојуз и коалицијата “Сој…

Апр 5, 2013

На полноќ стартува предизборниот молк

Гласањето во втор круг ќе има во 29 општини и во градот Скопје, а првиот круг ќе се прегласува на три избирачки места во Струмица и на едно во Долнени. Избирачкиот материјал е веќе предаден на општинските изборни комисии, кои треба да ги достават до избирачките одбори.Утре гласаат болните и немоќните лица, лицата кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и внатрешно раселените лица. Втор круг гласање за градоначалници ќе има во Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Коча…

Апр 5, 2013

Продолжува судењето за аферата „Телеком“

Тројцата поранешни менаџери на „Маѓар Телеком“, обвинети за потплатување на политичари во Македонија и во Црна Гора, ќе продолжи на 17 април, кога одбраната ќе поднесе образложение на својата жалба поради одлуката дека судот во Њујорк е надлежен во овој спор.Обвинетите менаџери Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи преку своите правни застапници се обидоа да ја оспорат надлежноста на Јужниот окружен суд во Њујорк да постапува по обвиненијата против нив. Во февруари судијата Ричард Саливен во целост ги отфрли барањата на тројцата менаџери, по што одбраната најави жалба на оваа одлука.На р…

Апр 4, 2013

Липковската мумија оди во музеј

Мумијата од Липково треба да биде една од атракциите во новиот Археолошки музеј на Македонија, но неизвесно е дали ќе биде конзервирана до отворањето на институцијата, закажано за крајот на годинава. Во тек се преговорите со лабораторијата на Археолошкиот музеј во Минхен, чии експерти би можеле да го заштитат телото од 5 и 4 век пред новата ера, природно мумифицирано во глинената земја во липковскиот крај. Мумијата е откриена во 1957 година, а неколку децении е во стаклен ковчег во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје.Транспортот на мумијата во Минхен е сложен. Треба да …

Апр 4, 2013

Конфучие институтот од септември во Македонија

На Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ наскоро ќе биде отворен конфучио Институт откакко детаљите беа договорени меѓу скопскиот Универзитет и Универзитетот во Ченгду, Кина.Како што информираа од УКИМ, висока делегација на кинескиот универзитет престојуваше во петдневна посета на УКИМ при што беа одржани неколку работни состаноци.- Во присуство на претставник на Амбасадата на Република Кина во Република Македонија беше потпишан Меморандум за третата фаза за отворање на Институтот помеѓу Универзитетот во Ченгду и УКИМ. Со овој Меморандум се утврдени сите завршни активности за отворањето на Ко…

Апр 3, 2013

Прва македонско-канадска лидерска конференција

Обединетата македонска дијаспора (ОМД)  ќе биде домаќин на првата годишна Македонско-канадска лидерска конференција (MКЛК 2013), што ќе се одржи на 27 овој месец во македонската православна катедрала „Св. Климент Охдридски“ во Торонто. Конференцијата, како што соопштуваат од ОМД, ќе обедини на едно место македонско-канадски лидери на разни македонски културни, бизнис, јазични и верски организации од цела Канада на едно место. Најавено е и учество на македонскиот амбасадор во Канада, Љубен Тевдовски, како и пратеникот за Северна Америка Павле Саздов кои ќе зборуваат за улогата на дијаспората…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top