ДИК излезе со првите официјални информации за вториот круг од изборите

По 100 отсто обработени податоци од гласачките места според официјални податоци на Државната изборна комисија слободно може да се заклучи дека владејачката ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија“ во вториот круг ја запечатија победата на петтите локални избори освојувајќи дополнителни 16 општини и Градот Скопје.

logo
лого

Igor TrajkovskiЗаедно со освоените општини во првиот круг (40 општини) партијата на премиерот Никола Груевски денеска може да се пофали дека освои рекорден број градоначалнички места – 56.

За разлика од големата победа на ВМРО ДПМНЕ, опозицискиот Социјал демократски сојуз и коалицијата “Сојуз на иднината“ триумфираше во само четири општини: Струмица, Куманово, Ранковце и скопски Центар.

Во албанскиот блок како победник на изборите излегува ДУИ кои освојија седум градоначалнички места, додека ДПА има победа во две општини – Струга и Студеничани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top